Транспортната индустрија не само што движи стока низ светот, туку и бара луѓе со исклучителни способности за адаптација, организација и мотивација. Гордана Медарска, дел од тимот на Road Legends, не е само уште еден HR професионалец – таа е лидер што успешно се справува со специфичностите на човечките ресурси во еден од најдинамичните сектори.
Но, што значи да се работи како HR Expert во компанија каде времето е валута, а точноста е врвен приоритет? Како се обезбедува баланс меѓу високите очекувања на индустријата и задоволството на вработените? Гордана носи уникатна перспектива: од справување со тимови кои работат на далечина и во различни културни средини до обезбедување дека секој вработен го чувствува својот придонес.
Во ова интервју, Гордана открива не само кои се најголемите предизвици, туку и како Road Legends создава култура каде луѓето се во центарот. Без разлика дали се работи за регрутација, управување со таленти, или иновации во HR процесите, ова интервју ни дава одговори на тоа што навистина значи да се биде дел од транспортна индустрија која никогаш не застанува и како човечките ресурси играат клучна улога во секој извозен километар.
Кои се специфичностите на транспортната индустрија што го обликуваат вашиот пристап во управувањето со човечките ресурси?
Ова прашање ќе го одговорам на овој начин. Кога работев во продажба каде што знаеме дека процесите се динамични, променливи, притисокот е доста голем мислев дека нема ништо слично на тоа и дека тоа е најпредизвикувачката индустрија. Но кога влегов во овој свет на транспортна индустрија и работа со USA сфатив дека овде не е важна минутата овде е важна секундата. Специфичноста на оваа индустрија е тоа што успешноста зависи од правилни одлуки и анализи направени пред времето. Транспортна индустрија е менлива како што напоменав погоре во секунда, и затоа треба луѓе со доста прониклив и интелектуален капацитет кој лесно се прилагодуваат на промени.
Како специфичностите кои ги споменавте влијаат врз стратегиите за регрутација, задржување на таленти и секојдневната работа со вработените?
Во оваа индустрија се потребни динамични луѓе, кои не се плашат од предизвик и ризик. Луѓе кои говорат одлично англиски јазик и кои се добри во новите технологии. Брзината која ја има оваа индустрија поставува стандарди сами по себе. Едноставно ако не можете да се носите со брзи одлуки, ризици и логични постапки вие самите ќе се откажете, едноставно системот сам прави селекција.
Кои се најголемите предизвици со кои се соочувате при регрутирање и управување со тимови од различни култури и временски зони?
Предизвиците се во тоа што секогаш треба да препознаеш потенцијали, таленти кои ги имаат клучните карактеристики кои ги напоменав погоре, да ги научиш, да ги мотивираш и водиш. Предизвик во оваа индустрија е исто така временската зона каде што вработените имаат целосно поинаков концепт на функционирање. Работиме попладне што значи дека треба да се навикнете дека големиот дел од вашите пријатели ќе ги гледате за викенди бидејќи во Македонија поголемиот дел од компаниите работат претпладне. Тука се соочуваме со прилагодување на новите вработени посебно оние кои никогаш не работеле за USA и за кои смената им е нешто сосема ново. Освен времето најголем предизвик ни е и оспособувањето на новите вработени. Ние сме компанија која целосно е посветена на новите вработени. Процесот на онбординг и тренинг трае од 3-6 месеци. Новиот вработен првите два месеци има само тренинг каде ја учи првично теоријата, запознавање со индустријата, со мапата на Америка. со регулативите во транспортот, подоцна го учат системот, па имаат период кога учат комуникација со постојани повици. После првите месеци на тренинг преминува во работната средина каде му се доделува негов тим лидер ментор и тој уште 6 месеци најмалку асистира и го изучува маркетот.
Како обезбедувате висок степен на мотивација и задоволство кај вработените во динамичната средина на транспортната индустрија?
Во RoadLegends најголема вредност се вработените и најголем фокус компанијата има кон истите. Ние сме компанија која се грижи за секој еден вработен поединечно. Тука вработените не се само бројка. Вработените се движечката сила на компанијата. Менаџментот е целосно посветен кон потребите на вработените. Неколку работи ќе издвојам кои сметам дека имаат голема улога на задоволството и мотивацијата на вработените.
- Поставена е структура со процедури и правила што придонесува ниту еден вработен да не дојде до ситуација да се почувствува дека лута или нема насоки.
- Поставен е цел систем на онбординг, менторство и водење на вработените.
- Правиме анализа на потреба за остручување и upskilling на вработените како налагаат потребите на работните процеси и новите технолошки иновации. Согласно тоа се организираат обуки.
- Спроведуваме истражувања за задоволство и овие истражувања не се само завршена работа која стои во годишен план на активности, од истото влечеме податоци и веднаш правиме акциони планови и промени.
- Поставен е систем за евалуација на перформанси и feedback култура каде нема крута хиерархија наспротив отворена, транспарентна комуникација и што е најважно култура на продуцирање на споделување знаења и идеи. Секој вработен има право на мислење, идеја и секогаш се бира најдоброто.
- Секако нема да ги изоставам и настаните како тим-билдинзи, нови години, подароци и разновидни дружби.
Кои специфични вештини и компетенции ги барате кај кандидатите за позиции во транспортната индустрија?
Најважно при бирање на нови вработени ни е пред сѐ да е кандидатот company fit, односно да ги дели истите вредности со нашите вработени како транспарентност, интегритет, искреност, несебичност и сл. Ако кандидатот има високо ниво на мотивација за оваа индустрија, говори одлично англиски јазик, енергичен е, амбициозен и сака да расте и да се развива ние ќе го оспособиме и научиме да биде одличен во она што ќе го работи. Едноставно нашето мото е: Не биди просечен биди одличен!
Кои иницијативи или програми за обука ги спроведувате за развој и адаптација на вработените на барањата на индустријата?
Во последната година нашата компанија доживува голема експанзија и започнавме поставување на организациска структура и развој на лидери. Беа спроведени 6 месечни обуки за развој на лидерски вештини, како и голем дел од технички обуки како софтвери и други алатки потребни за поголема ефикасност во работата на секој еден член од тимовите.
Ако би можеле да воведете една голема промена во начинот на кој транспортната индустрија пристапува кон луѓето – вработени или клиенти – што би било тоа и зошто?
Во однос на промена би кажала дека секоја една компанија сметам дека треба да направи персонализиран пристап со секој еден вработен или клиент. Отворена комуникација и продуцирање на транспарентност и тимска работа. Исто така би кажала вложување време и трпение на секој еден веќе постоечки вработен за помош и менторство на новите вработени како што ние го правиме тоа во нашата компанија. Ако сакате одлични резултати мора да имате задоволни вработени или клиенти. Само среќен и задоволен вработен, клиент е богатство на една компанија.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.