Колумна на Лена Никиќ – Менаџер на сектор за човечки ресурси и Офицер за заштита на лични податоци во млекара Бучен Козјак
Целните стратегиите на топ менаџментот во секоја производствена компанија треба да ги земат во предвид сите аспекти на комапнијата, од маркетинг тактики и технолошки платформи до подобрување на корпоративната култура и процедури за обука. Како што вели старата поговорка, знаењето е половина од битката. Со анализирање на секое од прашањата поврзани со човечките ресурси во производствената индустрија, може да се развијат различни стратегии за да се максимизира ефикасноста на различните решенија поврзани со работењето во секој сектор индивидуално, воедно да се максимизира севкупниот перформанс на компанијата.
Елиминирајте ги пречките во комуникација
Меѓусекторската комуникација е клучна за постигнување одржлив организациски раст. Високо-специјализираните вештини и најдобри практики во работниот тек треба да се третираат како предност и соодветно да се заштитат. HR и менаџментот треба да одвојат време и напор за целосно да го разберат процесот на комуникација во организацијата и детектирање на пречките кои потенцијално можат да се јават, при што често настануваат проблеми во остварување на целите. Ваквото разбирање може да помогне во надминувањето на потенцијални недостатоци во секојдневните активности, како и развој на програми за внатрешна обука за подобро аклиматизирање на новите вработени.
Зголемете ја севкупната продуктивност
Процедурите што се заглавени во системи базирани на хартија, не само што се инхерентно неефикасни, туку и не успеваат да се доближат кон технолошки ориентирана база на работници што е толко посакувана од производствениот сектор. Старомодните процедури претставуваат се повеќе несовладлива бариера за привлекување на нови, digital-savvy таленти.
Oвозможете ја работната сила
Се разбира дека привлекувањето вакви нови таленти е клучно за идниот успех, но досегашниот успех е целосно зависен од постојната работна сила. Овозможувајќи ваков систем за производство без употреба на бирократија која ја уништува креативноста и претприемништвото, ќе ги зајакне работниците и значително ќе ја зголеми способноста на менаџментот да регулира и ефикасно да администрира тимови, процедури и машини во сите фази на производство. Собирањето на повратни информации од вработените во текот на нивниот работен ангажман, ќе помогне да се осигурате дека се чувствуваат слушнати. Ова е особено важно доколку производствената компанија стреми кон привлекување на помладите генерации.
Управување со работниот тек
Производството без премногу оптовареност со хартија исто така може значително да ги намали грешките од работниците кои не успреваат темелно да ги прочитаат и апсорбираат специфичните работни упатства. Ваквите нови системи можат да ги обезбедат сите неопходни чекори и знаење на работниците со работниот тек, доколку се воспостави правилно пренесување на знаење од поискусните работници, преку следење на распоредот на линиско производство. Во суштина, системот служи како еден вид инструктор, осигурувајќи дека придобивките од знаењето и искуството се пренесуваат беспрекорно преку клучните вработени и нивното богатство од специјализирано знање, притоа задржувајќи ја посветеноста на квалитетот на производството и придржувајќи се на воспоставените стандари за квалитет.
Минимизирајте ги технолошките празнини
Додека ги анализирате различните процеси и процедури, бидете вредни во индентификувањето на сите празнини што се откриваат во работниот тек, развивајќи стратегии за трајно решавање на тие несовпаѓања. Исто така, важно е да се избегне кратковидата перспектива со која се посветува огромно внимание на индивидуални компоненти од синџирот на вредности на производството. Одвојувањето на непропорционални ресурси кон една област нема да донесе никаква корист ако другите области се запоставени, односно на тој начин ќе се инхибира ефикасноста на целата операција.
Направете ја потребната промена во културата
Иако маркетинг кампањите и проширените технолошки платформи секако можат да ублажат некои од негативните перцепции – оправдани или не – кон секторот, правењето фундаментални промени во основната организациска култура е единствениот начин за директно решавање на проблемот. Производството бара динамични, технолошко ориентирани, самоиницијативни таленти кои бараат и изнаоѓаат решенија, отколку статус кво. Не постои подобар извор за да се разбере како се менува културата и се примаат нови иницијативи од самите вработени. Соберете повратни информации пред, за време и откако ќе се спроведат културни промени за да се измери нивниот успех.
Подобрување на вашиот бренд за вработување
Постојат четири различни чекори кои можат да ви помогнат да развиете бренд кој е привлечен за посакуваните кандидати.
- Обидете се да го процените вашиот бренд од перспектива на барателот на работа;
- Дефинирајте ја правилно вашата порака за регрутирање за да помогнете да се изгради бренд што навистина ги одразува вредностите и основната мисија на вашата организација;
- Бидете финансиски одговорни со вашиот пристап, усвојуваќи мерки за подобрување на вашиот бренд
- Имплементирајте сеопфатни дејствија што ќе ви овозможат активно да управувате и да го максимизирате вашиот бренд за вработување и денес и во иднина.
Искористете ги социјалните медиуми
Развивањето на успешен бренд се потпира на вашата способност да креирате привлечна содржина и да привлечете потенцијални кандидати кои инаку би можеле да ги затворат очите пред вашата порака за регрутирање. Поточно, внесувањето разни форми на платена промотивна содржина низ вашите социјални медиуми ќе ви овозможи да таргетирате специфични таленти со многу повисоки степени на прецизност и знаење.
Програма за препорачани вработени
Бенефитот од искористување на распространетоста на платформите за социјални медиуми и зголемената поврзаност меѓу луѓето на тој начин може позитивно да влијае на процесот на регрутирање на нови кандидати и потенцијални вработувања. Спроведувањето на систем за наградување што ја поттикнува вашата сегашна работна сила да препорача позиција во организацијата што на крајот ќе доведе до вработување, може значително да ја олесни регрутацијата, додека истовремено ги проверувате кандидатите преку самиот оглас.
Поедноставете го процесот
Процесот на регрутирање треба да биде агилен и рационализиран со цел кандидатите да се приспособат на различни распореди и да се максимизира удобноста. Макотрпно, развлечено интервју и искуство при вработување, најчесто, ќе ги натера кандидатите да го изгубат интересот и брзо да се фрустрираат со бесконечни процедури за апликација и премногу интервјуа спроведени од повеќе луѓе во повеќе наврати. Обидете се да внесете максимална флексибилност и екпедитивност во постапки за регрутирање со цел да се скрати процесот што е можно повеќе без да се жртвува ефикасноста и влијанието.
За авторот:
Лена Никиќ е Менаџер на сектор за човечки ресурси и Офицер за заштита на лични податоци во млекара Бучен Козјак. Дипломиран економист, а во тек се магистерски студии од област на Стратегиски менаџмент на човечки ресурси при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, како и многубројните професионални обуки. Одоговорна за регрутирање и селекција на вработени, водејќи ги сите процеси во однос на правата на вработените, исплаќање на работниците и систем за наградување, мотивација и благосостојба на вработените. Поседува долгогодишно искуство во менаџирање со луѓе и тимови, а главна цел и е мотивирање и овозможување на професионален развој на вработените.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.