Запознајте се со Superior Dispatch Service – компанија од Штип која го освојува американскиот пазар

од 24HR

Повеќе од 70 луѓе кои аплицираа за работа во оваа компанија без никакво искуство се претворија во вистински професионалци.

Супериор Диспеч Сервис е компанија која повеќе од 5 години успешно функицонира и гради своја приказна невообичаена за овие простори.

Почетоците се од 2016та година во Скопје со тројца вработени, од 2017та седиштето на компанијата се префрли во Штип со што сме првата компанија од овој тип во градот и веќе броиме 80 вработени.

Супериор нуди различни услуги на компании кои се занимаваат со транспорт и логистика на тлото на САД.

Во рамките на компанијата постојат следните сектори:

  • Operations (Dispatch)
  • Safety & Maintenance
  • Accounting
  • Brokerage
  • Human resources and recruiting
  • 24/7 Support
  • Analytics

Сите овие департменти имаат една заедничка цел, а тоа е професионално и навремено извршување на задачите и одговорностите кои ги имаме спрема нашите клиенти преку океанот. Моментално тоа се 4 задоволни компании, нашата цел е оваа бројка да биде уште поголема бидејќи Супериор докажа дека оддалеченоста од нашите клиенти која е во илјадници километри не е никаква пречка за постигнување на високи резултати.

Континуираните промени во внатрешната  структура и изненадувања се основата за задоволството и одржувањето на позитивната атмосфера покрај големите предизвици и притисоци кои ги носи индустријата која никогаш не спие.

Нашата компанија ги насочува сите свои деловни и инвестициски активности кон обезбедување натамошен раст и развој на компанијата. Инвестирањето во луѓето и тоа што никогаш не се откажуваме од нив се клучен фактор за стабилноста и растењето.

Супериор е карактеристичен по своите тренинг програми и обуки преку кои повеќе од 70 луѓе кои аплицираа за оваа работа и влегоа без никакво искуство во една авантура и се претворија во вистински професионалци.

Можностите за постојан напредок и условите и подршката која ја добива секој поединец во градењето на својата кариера се веќе еден вид на патент преку кој Супериор е познат во Штип и пошироко.

Проектите и плановите за Супериор за во иднина носат возбуда и насмевки на целиот тим, тим кој е спремен за нови предизвици и многу нови колеги.

Заинтересирани сте за кариера во Superior Dispatch Service?
Аплицирајте на hr@superiordispatchservice.com

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...