Како да се создадеме организација насочена кон континуирано учење

од 24HR

Колумна на Татјана Јанева – Директор за човечки ресурси во BRAINSTER и консултант со долгогодишно искуство во областа на човечките ресурси.

Деловниот свет е сложен. Денешната деловна реалност нè учи дека поединците и организациите мора да учат, да не учат и повторно да учат побрзо, подобро и почесто. Ако сакаме да преживееме, треба да сме подготвени да се прилагодуваме, а знаењето и учењето се клучни за адаптација. Компаниите кои го практикуваат континуираното учење како стратешки приоритет – со други зборови, организациите што учат – се подобро спремни да се справат со непредвидени турбулентни времиња.

Организација која континуирано учи го цени развојот на вработените и ја разбира важноста на постојаната поддршка.

Организација која континуирано учи го прави учењето како дел од секојдневната работа со градење на правилни процеси и давајќи им на вработените алатки потребни за учење и учење од другите.

Организација која континуирано учи се гради врз база на споделување на знаењето.

Организација која континуирано учи поседува поголема оперативна ефикасност.

Што е организација која континуирано учи?

Во книгата “The Art and Practice of the Learning Organization”, Peter Senge ја дефинира „организацијата која учи“ како организација која „постојано го проширува својот капацитет за да ја создаде својата иднина“.

Организациите кои учат им даваат на вработените моќ самостојно да ги решаваат проблемите, како и да имаат корист од искуството на нивните колеги. Тие имаат можност да ги споделат своите идеи и согледувања без страв дека ќе бидат осудени, но и да го прошират своето знаење и да работат заедно за да ги постигнат заеднички цели.

Како да препознаема организација која континуирано учи?

5 начини кои ги идентификуваат организациите кои учат, инспирирани од истражувањето на Peter Senge:

1. Култура на заедничко учење (системско размислување)

Успешна организација која учи е поддржана од културата на колаборативно учење. Секој поединец е почитуван како индивидуа, но исто така игра витална улога во севкупната рамка. Организација која учи, учи и создава при секоја можност.

2. Начин на размислување за „доживотно учење“ (лични вештини)

Организациите ги насочуваат своите вработени кон доживотно учење. Како поединци насочени кон личните цели, но исто така и кон целите за учење на целата компанија.

3. Соба за иновации (ментален модел)

Организација која учи редовно експериментира за да најде можности за раст и учење што е можно побрзо. Ризикот е дел од равенката, бидејќи им овозможува на луѓето да учат од своите грешки и постојано да се подобруваат.

4. Лидерство со напредно размислување (заедничка визија)

Традиционалната хиерархиска структура е отфрлена во организациите што учат, што значи дека секој може да споделува знаење, секој може да учи и знаењето е без силоси.

5. Споделување на знаење (тимско учење)

Соработката е клучна во организациите кои учат. Секој вработен е свесен за целите на учењето и посакуваните организациски резултати.

Ефективните организации кои учат, поттикнуваат доживотно учење и постојана меѓутимска соработка, што го поттикнува успехот на целата организација. Секој има шанса да прави грешки и да учи од нив, што води до нови револуционерни идеи и можности за градење профит.

За авторот:

Татјана Јанева е Head of HR во Бреинстер, HR професионалец со долгогодишно искуство во областа на човечки ресурси. Ентузијастична, креативна и енергична личност која со развој на вработените и усогласување на сите функции на човечките ресурси го оптимизира растот на организациите и генерира брзи резултати.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...