Негување култура на љубопитност

од 24HR

Љубопитноста не претставува само емоција. Таа е начин на однесување. Однесување кое можеме да го развиеме и растеме. 

Надминувањето на денешните предизвици и создавањето на поагилни и флексибилни работни места може го направиме само преку градење култура на љубопитност.

За да го промените однесувањето или да имате повеќе преферирани однесувања на работното место потребно е да им обезбедите на луѓето насоки или структура што лесно ќе ја разберат. Сето тоа започнува со правилен начин на размислување.

Фразата practice makes perfect е погрешна. Праксата сама по себе создава навика – и тоа не секогаш добра. Единствено праксата која се темели на повратни информации ни овозможува да ја подобриме и подигнеме нашата игра. Значи, за да негуваме и стимулираме повеќе љубопитност на работното место треба најпрво да знаеме како изгледа љубопитноста, а потоа да започнеме активно да праќаме повратни информации до луѓето кога ќе ја забележиме.

Љубопитниот мајндсет се дефинира како начин на размислување преку кој личноста константно трага по нови информации и искуства. Иако, многу често, во работни ситуации е побрзо и полесно да се држиме до она што го знаеме. Затоа, промената започнува кога ќе го смениме овој начин на размислување и ќе им овозможиме на вработените да бидат отворени и да ги бараат овие нови искуства. Соединувањето на различни групи е исто така одличен начин за да се случи тоа.

На овој начин, кога вработените наидуваат на предизвици кои се надвор од нивната вообичаена работа, се стекнуваат со нови знаења и експертиза.

На лидерите за човечки ресурси треба да им биде јасно како изгледа љубопитноста за да можат да создадат можност за луѓето да ја демонстрираат. Експериментирањето (таму каде што може) може да биде од корист, а употребата на позитивни примери им помага на луѓето да ги разберат очекувањата. Исто така, посочувањеот на негативни примери им помага на луѓето да дознаат што е тоа што не го барате.

Покрај тоа, ако сакате да имате по љубопитно работно место, тогаш описите на работните места треба да вклучат како изгледа љубопитноста, конкретно. Ако знаеме како изгледа љубопитноста, тогаш можеме да развиеме способност да го набљудуваме однесувањето за да дадеме точни повратни информаци. Исто така, треба да ја идентификуваме фреквенцијата со која се забележува таа љубопитност. Слично на тоа, од витално значење е да се создадат можности – преку работа на проекти за да се набудува нејзината пенетрација  во различните сегменти на бизнисот.

И бидејќи сега, повеќе луѓе работат од далечина, вреди да се размисли за формирање агилни тимови кои ќе работат на различни проекти и ќе разгледуваат различни деловни прашања, нови иницијативи или активности на конкуренцијата.

Во зависност од тоа какви истражувања ќе погледнете, потребни се помеѓу 20 и 65 дена за нештата да стане навика, затоа пристапете и на љубопитноста како на секојдневна навика. Рефлексијата е едноставна техника за да ја претворите истата во реалност. На крајот на денот, размислете за тоа што помина добро, што функционираше и зошто. Прегледајте што не одеше според планираното и бидете љубопитни зошто е тоа така. Запрашајте се: Што можеше да направам поинаку?

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...