Работна недела од 4 дена: Каде се применува и кои се искуствата?

од 24HR

Работодавачите во Шпанија, Нов Зеланд, Јапонија, но и во Данска и Исланд почнаа да практикуваат пократка работна недела, односно до четврток.

Дискусијата за „скандинавскиот модел“, кој се базира на претпоставката дека продуктивноста на вработените ќе се зголеми доколку се намали бројот на работни часови, не е особено нова.

Меѓутоа, во последно време, повторно таа беше повторно актуелна поради коронавирусот кога голем број компании беа приморани да размислуваат креативно за начинот на работа во време на пандемија.

Дилемата семеен живот или кариера

Во Европа, шпанската влада ја разгледува можноста за воведување на овој модел со цел да се забрза економското закрепнување на земјата. Од друга страна, јавната администрација во Данска и Исланд веќе работи еден ден помалку, односно до четврток.

Агенцијата за привремени вработувања „Адеко“ наведува дека многу компании воведуваат пократка работна недела, особено во контекст на недостатокот на работна сила во малопродажбата и угостителството.

„По корона кризата, луѓето станаа посвесни дека нивните претходни услови за работа не беа најдобри. Сега тие мислат дека не треба да го жртвуваат својот личен живот заради својата кариера“, вели Кристоф Кејтор, првиот човек на „Адеко“.

Во Нов Зеланд, „Унилевер“ тестираше четиридневна работна недела, додека во Јапонија, третата по големина банка, „Мизухо“, им нуди можност на сите свои 45.000 работници да работат три или четири дена во неделата.

„Телефоника“ ја скрати работната недела, но и платата

Иако многумина се скептични за тоа колку промени во светот на работата ќе се случат по завршувањето на пандемијата, шпанската телекомуникациска компанија „Телефоника“ е меѓу компаниите кои веќе ја тестираат четиридневна работна недела.

Засега, 10 проценти од вработените на шпанскиот пазар работат во тој режим.

Но „Телефоника“ им ги намали платите на хонорарните работници за 15 проценти, а работодавачите во други земји имаат намера да понудат целосна плата, и покрај помалите работни часови.

Во данската општина Одшерд, 300 вработени работат четири дена во неделата со целосна плата како дел од тригодишниот тест.

Во Шпанија, Министерството за индустрија разгледува пилот – програма вредна 50 милиони евра со цел да им помогне на компаниите да го намалат работното време, без да ги намалат платите.

Добри резултати и без намалување на платата

ИТ компанијата „Софтвер Ел Сол“ од Андалузија воведе четиридневна работна недела без намалување на платата и го зголеми бројот на вработени за 15%.

„Продажбата порасна за 20 проценти, а отсуствата драстично се намалија; Расте задоволството на вработените и клиентите, заедно со продуктивноста “, вели директорот за маркетинг, Педро Кортес.

Карлос Викторија, економист во шпанското деловно училиште ЕСАДЕ, вели дека во некои сектори ќе биде полесно да се реорганизираат работните процеси и да се намали работното време, но има сектори каде што пократкото работно време би го намалило производството.

„Разгледувањето на четиридневната работна недела како иднина на работниот свет е сè уште избрзано, барем на краток рок“, вели Викторија.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...