Како би избегнале вработување на погрешната личност, размислете за следните прашања кои ќе ве доведат до значајни сознанија за потенцијалниот кандидат!
Успехот на вашата компанија честопати зависи од емоционалната интелигенција на луѓето што ги ангажирате на стратешки позиции. Тоа значи дека вашите одлуки за вработување треба да ги носите врз основа на солидни информации – не само врз база на инстинкт, чувства и први впечатоци.
За да направите добро вработување, потребно е да имате добро испланирани прашања уште на самото интерјву со кои ќе може да ги откриете вистинските особини на карактерот на личноста, нејзините вредности и, се разбира, вештините кои ги поседува.
Како би избегнале вработување на погрешната личност, размислете за следните прашања кои ќе ве доведат до значајни сознанија за потенцијалниот кандидат:
Набројте три до пет луѓе од вашиот личен или социјален живот на кои им се восхитувате и кажете зошто?
Одговорот на ова прашање ќе ви открие неколку работи: Колку кандидатите се информирани за локални случувања, тековни работи, политиката или поп културата? Дали нивниот одговор сугерира дека не можат да се сетат на никого, или едноставно дека не можат да го намалат својот избор? Дали сите избори беа од јавниот живот, а не од личните или општествени кругови? Ако сите избори се лични познаници, тоа може да сугерира невклученост во заедницата или недоволно активности надвор од домот. Се прашувате зошто треба да го знаете тоа? Овие навидум незначајни информации ќе ви дадат увид во вредностите на самиот кандидат.
Дали некогаш сте виделе или слушнале за некој што бил малтретиран на работното место? Како се справивте и реагиравте на ситуацијата?
Ова прашање ќе ви помогне да го процените степенот на етика на кандидатот, како и неговиот капацитет за емпатија и сочувство. Акцијата што ја преземале при една ваква ситуација ќе ви открие каква е нивната толеранција кон ризикот (ако треба да дејствуваат за да го спречат мобингот), односно дали би ја ризикувале сопствената ррепутација и работа само за да постапат правилно?
Дали можете да се сетите на некој особено лош ден на работа кога ништо не ви одело од рака? Како се справивте со целиот стрес тогаш?
Овој одговор ќе ви помогне да осознаете какви се механизмите на кандидатот за справување со тешки ситуации, неговата емоционална стабилност, но и снаодливост. Дали кандидатот лично ги реши проблемот или некој друг мораше да преземе одговорност? Дали неговата реакција изгледа соодветна или екстремна? Слушајте внимателно и проценете дали тој начин на справување со стресни ситуации е пожелен за во вашата компанија.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.