Перфекционист во организацијата и сега што?

од 24HR

Колумна на Неда Спасевска – Менаџер за Човечки ресурси во Xessable

Во секојдневните дијалози можеме да слушнеме “бидејќи сум перфекционист по природа…затоа и“..  фраза која најчесто се користи кога се оправдува некое однесување или постапка. Навидум, општо земено, да е некој перфекционист е позитивно примено. Од аспект на регрутрација, од пракса сретнуваме и кандидати кои сметаат дека е сосем валидно да одговорат дека силна страна е дека се перфекционисти во својата работа.

Перфекционизмот е дел од личноста, еден вид карактерна црта. Во “мали дозирања“ може да биде сила која ги придвижува насочува индивидуите кон постингување на некоја цел. Во работните организации луѓето кои се идентификуваат како перфекционисти, вообичаено настојуваат да работат беспрекорно и нивната работа е сведена на критериум без “грешка“. Во ваква смисла, некои одредени аспекти да се биде перфекционист може да бидат корисни во работната средина, бидејќи најчесто има повеќе ангажираност во работниот процес. Но сигурно не треба да преставува еквивалент на топ перформери во компанијата. Лицата перфекционисти, си поставуваат и себе си но и на другите, во овој контекст, колегите, високи или нереални стандарди при реализирање на работните задачи, прекритични се за начинот и квалитетот на резултатите итн. Тоа е така бидејќи mindset -от е во рамки на или ќе биде соврешно или тотално е неуспех. Оттаму овие лица, најчесто имаат повисоки нивоа на стрес, често имаат синдром на прегореност, воркохолизам, чувстваат дека не се доволно добри. Оттука перфекционизмот како своевиден конструкт се зема како слабост, а не силна страна (црта) од карактерот на една личност.

За да се олесни и помогне во препознавање и помагање на одржување на добар баланс меѓу менталното здравје и работата но и приватниот живот, перфекционизмот може да се предизвика, или барем да се направи обид да се препознае за да се изнајдат применливи методи и техники, за справување со перфекционистичките тенденции.

Неколку аспекти кои може да помогнат. Отворен разговор за чувствата кои се предизвикани – ова е најтежок чекор на една личност, да се препознае и признаат тенденциите. Потоа, внимание на сегашноста, она што е важно сега, обид да се намалат очекувањата и стресот за работите/задачите кои си ги задаваме. Треба да се разбере, невозможно е да се задоволат сите страни, дали е тоа менаџерот на работа, колегите или членови на семејството, пријателите. Можеби е добро да се повторува ова на дневно ниво. Истото би важело кога критички се однесувате и кон другите. Да се научи емпатија е навистина предизвик, но е мошне корисна во справување со перфекционизмот.

Во психологијата овој термин се поврзува со одбранбен механизам или со механизам за преживување и најчесто корените се подлабоки за да се разбере во целост и да се пристапи насочено и терапевтски.  Доколку и покрај настојувате да балансирате и тоа оди неуспешно а веќе подолго време квалитетот на животот се менува заради оваа “карактерна црта“, не сте сами, побарајте помош од психолог или терапевт, решение има секогаш. И за крај во ред е да се згреши, совршенството не постои и не се очекува.

За авторот:

Неда Спасевска е Менаџер за Човечки ресурси во Xessable. Има над 15 години искуство во администрација и ИКТ секторот, а од 2015-та работи во областа на Човечките ресурси во оутсорсинг работни средини. Од 2019 е активно вклучена во сите стратешки процеси поврзани со Човечките ресурси во компанијата Xessable, а нејзин предизвик и фокус е регрутација и развој на вработени.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...