Со овој билтен сакам да споделам со вас работи кои ми лежат на срце, со надеж дека ќе ве инспирирам да размислите, дејствувате и развиете поголема самодоверба и самосвест во вашите улоги. Затоа што најважната релација во нашиот живот е онаа која што ја имаме со самите себе!
Ајде да започнеме со соопштение,
Некои луѓе велат дека прочитале книга или две за НЛП (Невро Лингвистичко Програмирање), други пак слушнале дека НЛП е манипулативно па се исплашени, трети гледале видеа и мислат дека веќе знаат што е тоа НЛП. Но, дозволете ми да ви кажам, не е доволно НЛП да се прочита, потребно е да се доживее.
НЛП како дисциплина започнува преку моделирање на однесувањето на успешни терапевти кои покажуваат неверојатни и одржливи резултати во работата со своите пациенти, во време кога сите други се неуспешни. Милтон Ериксон, таткото на хипно-терапијата беше еден од моделите. Вирџиниа Сатир, една од најголемите семејни терапевти на сите времиња беше исто така модел:
„Можете да читате за пливање, можете да гледате како другите пливаат, но вистински нема да знаете за што се работи се додека не се фрлите сами во вода.“
Дали се согласувате со Вирџиниа?
Дали сте и Вие една или еден од оние навистина љубопитни личности кои ќе ја зграпчат можноста да “се фрлат” во искуството?
- 10 – 12 Март, во живо во Виена или Онлајн. Последната Англиска група оваа година.
- 31 Март – 2 Април, во живо во Скопје. Единствената Македонска група оваа година.
Темата на првиот модул од обуката е влијателна комуникација. Градење и совладување на вашите комуникациски вештини ќе ви ја олесни работата, а посебно оние тешки разговори. Инвестирање време во подобрување на комуникациските вештини е вистинска инвестиција – како и секоја инвестиција во себе! Прочитајте повеќе овде или контактирајте не на contact@vianlp.com да го резервирате вашето место.
Вашата диплома ја потпишува Џон Гриндер, таткото на НЛП – што ви гарантира учење директно од изворот и НЛП едукација од највисок квалитет.
…и да продолжиме со,
Комуникација и самопочит
Кога сме во конфликт со некого често мислиме дека другиот треба да го смени своето однесување, став, перспектива… со други зборови, си ја тераме водата на нашата воденица. Честопати носот ни е во облаци и очекуваме другиот да го направи првиот чекор. Понекогаш знаеме и да се поставиме како жртва и да се смалиме, па дури и да избегнеме конфликт или соочување. Ретко, ако и некогаш, сме целосно свесни што конкретно ние правиме, нашиот став, нашата перспектива, тонот на гласот, говорот на телото, нашето ниво на самопочит… и како ние придонесуваме и влијаеме на комуникацијата.
Една од почетните НЛП лекции кога зборуваме за комуникација е:
ЗНАЧЕЊЕТО НА ВАШАТА КОМУНИКАЦИЈА Е ОДГОВОРОТ КОЈ ГО ДОБИВАТЕ
Прочитајте повторно! 👆
Значи, кога ќе добиете одговор од соговорникот кој не ви се допаѓа, на пример лутина – наместо да обвинувате и вие да се налутите, како би било да си ги поставите следните прашања:
📍 Што правам ЈАС што добивам (лутина) како одговор на мојата комуникација?
📍 Што кажува моето тело?
📍 Што кажува мојот тон на глас?
📍 Што сакам да добијам наместо (лутина) како одговор?
📍 Што можам ЈАС да направам за да го добијам тоа што го сакам?
📍 Како можам ЈАС да се сменам за да го добијам тоа што го сакам?
Ако не го добивате одговорот што го сакате, менувајте го вашето однесување се додека не го добиете тоа.
Полесно е да каже отколку да се направи, така? Особено затоа што знаеме да се заглавиме во сопствената нарација и продолжуваме да ја „вергламе” приказната што си ја кажуваме сами на себе.
Вашата сопствена нарација е тесно поврзана со вашата самопочит. Тоа е вашето внатрешно чувство за вредност, вашата евалуација на самите себе. Вирџиниа Сатир вели: „кога се чувствувам добро со себе и си се допаѓам себеси, имам одлична шанса да го погледнам животот од позиција на достоинство, искреност, сила, љубов…” – состојба на висока самопочит. Од друга страна пак, верувам дека сите сме го доживеале и ова чувство – кога не се чувствувам добро со себе и не си се допаѓам себеси, кога чувствувам дека не вредам, не сум доволно добра, и се чувствувам како жртва поразена од животот – тогаш гледам на животот од позиција на страв, отфрлање, импотентност… – ова е состојба на ниска самопочит.
Вашето ниво на самопочит влијае во голема мера на сите ваши интеракции со светот.
Фасцинантното истражување на Schafer and Schiller’s (2018) покажува дека секој од нас има во нашиот мозок која го мапира нашето место во синџирот на исхраната. Па така, кога вашата самопочит (самодоверба) е ниска додека вие комуницирате со некого, одредени неврони во мозокот ја регистрираат другата личност и доколку според вашата перцепција таа личност е на некој начин подобра од вас, тие ве позиционираат на пониско ниво во таа „социјална мапа“. Ова во реална смисла значи дека вашиот мозок ја позиционира личноста над вас, ставајќи ве вас под нив и вие имате чувство дека сте „помали“.
Спротивното е исто така точно. Кога проценувате дека некој е полош од вас, истите тие неврони перципираат дека таа личност е под вас, па добивате чувство дека сте „подобри“.
Според зборовите на Terry Real,
„Здравата самопочит е внатрешно чувство на вредност што не тежи ниту кон чувство на „подобро од“ грандиозност или „помалку од“ срам“
Нашата способност да комуницираме и да се изразуваме јасно и соодветно ја зголемува нашата самопочит и ни помага да се чувствуваме добро во однос на самите себе. И, обратно!
Затоа, следниот пат пред да имате некаков важен разговор, запрашајте се:
„на скала од 1 до 100, кое ми е нивото на самопочит во моментов?”
Ако имате низок резултат, обидете се да си кажете нешто од следново:
🤍 „Јас сум тоа што сум, ниту повеќе, ниту помалку”
🤍 „Јас вредам“
🤍 „Јас сум достоен/достојна“
🤍 „Светот е подобро место бидејќи јас сум во него“
За крај,
Мојата порака за месец Март е:
Отворете ги сетилата и примете.
Извори на инспирација и информација:
Читам, гледам и слушам:
- Jason Arday becomes Cambridge University’s youngest black professor, фасцинантна приказна заJason Arday кој не зборувал до 11 години и не читал до 18 години.
- Relational IQ Is Key to a Leader’s Success. Here’s How to Master It, According to Esther Perel
- Integrity од Stanford Encyclopedia of Philosophy
- How to Outsmart Your Own Unconscious Bias, TEDx говор од Valerie Alexander
- The Whale новиот филм на Darren Aronofsky
- Women of Impact подкаст на Lisa Bilyeu
* Оригиналниот текст објавен на Англиски јазик, оваа како и други едиции можете да прочитате на следниот линк: https://vianlp.com/the-self-expedition-monthly-newsletter/
За авторот:
Викторија Јордановска
Викторија е основач и мастер тренер во Vienna International Academy of NLP (VIANLP). Како Бизнис Коуч и Тренер за „меки” или човечки вештини таа работи на создавање системи на извонредност преку развој на внатрешните ресурси. Нејзината експертиза вклучува извонредност во комуникација, лидерство, градење тимови со високи перформанси и системски интервенции.
Од 2014 година живее во Австрија и работи на меѓународно ниво фокусирајќи се на развивање на човечкиот потенцијал што е во секој од нас. Нејзиниот холистички пристап кон коучинг и обука вклучува НЛП техники, системско размислување, применета психологија, нов код и методологијата Points of You, во комбинација со нејзиното долгогодишно искуство во различни индустрии. Овој системски пристап го поддржува растот на поединецот и севкупната организациска виталност во сите видови системи, без разлика дали се приватни, јавни или глобални корпоративни системи.LinkedIn профил:https://www.linkedin.com/in/viktoria-jordanovska-372885/
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.