Главни одговорности на работното место:
- Спроведување на политиките и процедурите за човечки ресурси (закон за работни односи)
- Подготовка на процесот на регрутација и селекција
- Подготовка на договори и документи за вработени
- Рутинска администрација за човечки ресурси
- Подготвка на плата за сите вработени
- Изготвување на потребни анализи и извештаи
Потребни квалификации:
- ВСС (Правен факултет или општествени науки ќе се земе за предност)
- Пожелно е искуство во областа на човечки ресурси 2 години или завршени обуки од областа на управување со човечки ресурси ќе се смета за предност
- Познавање на законската регулатива поврзана со Закон за работни односи и човечки ресурси
- Солидно познавање на MS Office (Word, Excel, PowerPoint)
- Возачка дозвола Б категорија (не е задолжително)
- Добро познавање на Англиски јазик
Потребни вештини:
- Одлично изразени вештини за усна и пишана комуникација
- Вештина за објективно расудување
- Солидно развиени организациски вештини
- Вештини за справување со приговори и конфликти
- Вештини за логичко расудување
- Одлични вештини во менаџирање на време и способност за работење со повеќе задачи истовремено
- Способност да работи под притисок и во услови на кратки рокови
- Вештина за уредно водење на евиденција
- Високо ниво на доверливост и дискреција
Што нудиме ?
- Солидни месечни примања, можност за квартални бонуси
- Продуктивна тимска работа и позитивна работна атмосфера
- Добро организиран менторски систем и развој на вештини преку обуки
- Можност за надоградување на знаењата и унапредување во областа
Апликациите можете да ги праќате на следниот маил: m.kovaci@sarafashion.mk
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.