Бонус од 5.000 долари за давање отказ: Необичната “Pay to Quit” политика на Амазон

од 24HR

„Ве молиме, не ја прифаќајте оваа понуда“ гласи првата реченица во “Pay to Quit” понудата на Амазон што компанијата им ја нуди на вработените.

Остатокот од содржината објаснува како сегашните вработени во магацин можат да заработат „дебела готовина“ ако одлучат да го напуштат своето работно место и никогаш да не се вратат назад. Но трикот е токму во тоа „никогаш да не се вратите назад“ па вработените што ќе ја прифатат понудата повеќе никогаш нема да можат да работат во ниту еден објект или подружница на Амазон.

Сите сме слушнале за компании кои им нудат бонуси на своите вработени за да поттикнат одредено однесување (препораки, работен стаж во компанијата од [x] години, исполнување на продажни таргети итн.), но малкумина од нас некогаш наишле на бонус за давање отказ.

Имено, вработените кои работат во складишните центри на Амазон повеќе од една година еднаш годишно добиваат понуда од 2.000 долари за да се откажат од работното место, со тоа што овој износ секоја година се зголемува за 1.000 долари додека не достигне максимум 5.000 долари.

Прочитајте > Регрутација во 5 чекори: Како Амазон го одбира идеалниот кандидат за вработување?

Основачот на Амазон, Џеф Безос, објасни дека целта на програмата е да се охрабрат вработените вистински да размислуваат за тоа што го сакаат во својата кариера. Тој повеќе преферира вработени кои ќе се откажат отколку вработени кои не уживаат во својата работа бидејќи таквата ситуација не е од корист ниту за работникот ниту за компанијата.

Сепак, не е тајна дека Амазон во минатото имаше бурен однос со вработените во магацин па оттаму и оваа програма како еден од начините за нормализирање на односите.

Но, и покрај тоа што станува збор за интересна тактита, досега ниту една друга компанија не го примени пристапот на Амазон да ги бонусира вработените кои ќе заминат и веќе никогаш нема да се вратат во компанијата.

Прочитајте > Како Ковид-19 го надмудри HR системот на Амазон

Според едно истражување на Gallup спроведено во 2017 година само 33% од вработените во САД се целосно ангажирани, додека како резултат на намален ангажман на работната сила земјата губи од 450 до 550 милијарди долари годишно.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...