„Леар“ номинирана за најпочитувана компанија во светот за 2021 година

од 24HR

Американската компанија „Леар“, глобален автомобилски лидер за седишта и е-системи, се најде на листата на „Најпочитувани компании во светот“ која секоја година ја објавува магазинот Fortune.

Петта година по ред, компанијата „Леар“ која свое претставништво има и во Македонија, е именувана за една од најпочитуваните компании во светот за 2021 година според магазинот Fortune.

„Добивањето на ова признание уште еднаш претставува огромен успех за нашиот разновиден тим и инклузивна култура“, рече Рој Скот, претседател и извршен директор на „Леар“. „Нивната посветеност кон оперативна совршеност, носењето на иновативни решенија за нашите клиенти и поттикнувањето на инклузивна култура се причините за нашиот успех. Ние се гордееме што работиме како тим, ги разбираме потребите на нашите клиенти, ги поддржуваме локалните заедници и го поттикнуваме долгорочниот профитабилен раст“, додава тој.

Во 2020 година, „Леар“ презеде неколку активности за поддршка на овие цели, вклучително:

  • Креирање на посебен водич за безбедна работа како одговор на пандемијата на Ковид-19. „Леар“ јавно го сподели документот на 80 страници за да им помогне на другите компании да воспостават работно место каде вработените ќе се чувствуваат пријатно и безбедно додека ја извршуваат својата работа, што резултираше со повеќе од 35.000 преземања.
  • Додавање на производствен капацитет за производство на повеќе од 10 милиони маски за лице за работници на прва линија, непрофитни организации, локални заедници и нивните вработени.
  • Најавување на неколку нови еколошки цели, вклучително и аспирација за постигнување на нула емисии на јаглерод до 2050 година и планирање на употреба на 100% обновлива енергија во производствените капацитети на компанијата, паралелно со намалување на емисиите на јаглерод за 50% до 2030 година.
  • Приклучување кон Глобалниот договор на Обединетите нации, најголемата иницијатива за корпоративна одговорност во светот.
  • Добивањето на признание како компанија насочена кон различности од магазинот Корп!.
  • Добивање на две награди во студија за квалитет и задоволство на седиштата.
  • Освојување на Automotive News 2020 PACE наградата за иновативната платформа Xevo Market.

Магазинот Fortune ја направи оваа листа во соработка со глобалната консултантска компанија „Корн Фери“ по спроведено истражување на 3.820 директори, менаџери и аналитичари од 670 глобални компании во 52 индустрии.

Испитаниците ја рангирале репутацијата на компаниите врз основа на девет фактори, вклучувајќи квалитет на управување и лидерство, квалитет на производи и услуги, иновации, општествена одговорност, глобална конкурентност и вредност како долгорочна инвестиција.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...

Оваа веб страна користи cookies.