Обид за кариерна промена: Како да ја најдете најдобрата верзија од себе?

од 24HR

Време е за еволуција, а не за револуција, време е за постојано проучување, учење, одучување и повторно учење за да можеме да го следиме трендот на постојана промена. Оние кои се подготврени да ја пресретнат промената, кои се подготвени да учат постојано ќе ги прошируваат границите и ќе ја креираат и унапредуваат најдобрата веризија од себе – ЈАС 2.0.

Постојано отворени, кои негуваат поинаков начин на размислување учејќи сè и од секого, преиспитувајќи ги добиените одговори, тие ќе бидат креаторите на новите работни места кои економијата не ги познаваше пред десетина и помалку години, како што се: Менаџер на on-line заедница, Професионален блогер, Адвокат на пациенти, Координатор за менаџирање на таленти, Менаџер за искуството на корисниците, Едукативен консултант, On-line фитнес инструктор, Програмер за мобилни апликации или пак Декустатор на сладолед, Терапевт за смеење, Декустатор за кучешка храна, Чоколаден инженер, Јога инструктор за кучиња, Писател на пораки во кинески колачиња, Детектив за миленичиња, Дегустатор на меден месец, Контролор на тобогани…

Можеме да бидеме најдобра верзија од себе првично ако се запознаеме, засакаме, си веруваме, се подржуваме и одиме само напред во тоа да бидеме тоа што сме и да го работиме тоа што сме, да живееме, да бидеме платени и да заработуваме за живот правејќи го она во кое уживаме и кое сме ние всушност. Ако таква професија нема ЈАС 2.0 ќе ја креира, како што некој не многу одамна ја креираше Шетач на кучиња.

Немојте да дозволите едноставноста на овој текст, питкоста на содржината да ја разбуди вашата логика и да ве сопре во остварување на вашите идеи, се што гледаме денеска е идеја за која некогаш некој храбар бил исмејуван од „реалисите“.

На патот на успехот најголемата препрека ја имаме од ЈАС, најголема препрека сме си самите на себе, се она што до тогаш не имаат научено да веруваме за себе, за тоа кои сме и што можеме и не можеме. Една од многуте врати кои ни овозможува да погледнеме внатре во себе си, која помага да одучиме некои не корисни програми и да научиме нови програми е НЛП-то (неуро лингвистичко програмирање). НЛП ја проучува структурата на човековото субјективно доживување на светот, наука која го проучува начинот на кој луѓето постигнуваат успех и извонредни резултати во најразлични области, а преку моделите, вештините и техниките ги подучува како тоа да го постигнат.

НЛП-то не се труди да го смени светот туку се труди да го смени погледот на поединецот на светот. Вистинскиот напредок се мери според личните стандарди, а не по стандардите кои се проектирани од окружувањето, во поширока смисла и општеството. Верувањата со кои се влегува во работата во голем дел го диктираат (не)успехот. Тоа се лични верувања на кои секој може да работи и да ги менува, преземајќи ја одговорноста за (не)успехот. Малата разлика кај луѓето која прави голема разлика во резултатите е начинот на кој се размислува. Мислата има неверојатно голема моќ. Она на кое што се фокусира мислата има тенденција да расте, а одговорноста лежи пред секого за тоа на што ги фокусира сопствените мисли. Еве некои од верувањата кои ги имаат успешните луѓе според НЛП-то:

  • Мапата не е територија
  • Ако можеш еднаш можеш секогаш, ако може некој можам и јас
  • Значењето на она што се комуницира е во повратниот одговор
  • Умот и телото преставуваат единствен систем
  • Најважната информација која ни ја дава соговорникот е неговото однесување, не е можно да не се комуницира.
  • НЕ постои неуспех, постои само резултат
  • Секој човек ги има сите потребни ресурси
  • Кога нешто не носи резултати потребно е да се проба нешто друго
  • Луѓето за себе секогаш ја избираат најдобрата можна варијанта
  • Зад секое однесување се крие добра намера

За авторот:

Ана Салтирова Давидовски е Менаџер за човечки ресурси во АМСМ и NLP Тренер и Коуч. Таа е член на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси, член на Техничкиот комитет ТК 42 за HR стандарди под Институтот за стандардизација на Република Македонија и активна е на повеќе проекти за развој на човечките ресурси во Македонија и промоција на професијата. Автор е на детската интерактивна книга „Благодарам“ преку која методологијата на NLP ја доближи до најмалите.

0 коментар
2

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...

Оваа веб страна користи cookies.