Регрутацијата е процес кој започнува и завршува со кандидатот

од 24HR

Автор на статијата е Ребека Вељанова – регрутер и администратор за човечки ресурси во FREIGHTECH INC.

Целта на регрутирањето како поим е да се добијат квалификувани работници за организацијата да може да ги постигне целите кои ги има поставено. Процесот на вработување помеѓу организацијата и барателот на работа е во рацете на нас регрутерите и одделите за човечки ресурси.

За мене како регрутер и администратор за човечки ресурси кандидатот е секогаш во право и на прво место. Уште од моментот кога првпат стапувам во контакт со секој потенцијален вработен воспоставувам пријателска комуникација со многу почит и разбирање за сè што кандидатот има да ми каже.

Ние како регрутери и администратори за човечки ресурси особено треба да сфатиме дека започнувањето на ново работно место за секој потенцијален кандидат е секогаш многу важен момент во неговиот животен пат. Оттаму може да произлезат многу прашања, несогласувања, барања па некогаш и разочарување за понуденото.

Според мене, ние треба сето тоа внимателно да го ислушаме, да го разбереме мотивот на кандидатот во однос на неговиот став и да му понудиме најдобри опции кои нему би му одговарале и би ги задоволиле неговите критериуми во согласност со квалификациите што ги поседува.

Јас секогаш имам точно определен начин на работа, како шема според која одам за да имам насока, но никогаш не ги гледам кандидатите како шаблон кои мораат да го слушаат истото. Доволен е краток разговор за да знам со кој кандидат од каде треба да се почне… Со некој кандидат ќе започнам од делот за плата, со друг кандидат од делот за бенефитите на позицијата (бонуси, одмор)… На пример, ако правам интервју на помлад кандидат кој ми кажува дека итно му треба работа бидејќи има кредит за плаќање или слично, почнувам со делот за плата па му објаснувам на кој начин може да добие покачување, колку треба да работи и како треба да работи за да дојде до тоа… Доколку му правам интервју на човек во години, ќе почнам со делот за здравствени бенефиции па објаснувам што е вклучено, а што не е вклучено…

Како заклучок би кажала дека, пред сè, овде е најважна љубовта кон работата и посветеноста кон компанијата – кај мене тоа е движечка сила која е најзаслужена за тоа што успешно ја извршувам мојата работна професија како регрутер и администратор за човечки ресурси.

А клучната алатка е да се ставиме на местото на кандидатите на кои им правиме интервју, за од тој аспект сè да ни стане појасно и полесно за работа, што ќе доведе до добар резултат од вредност и за компанијата за која што работиме, но и за потенцијалниот вработен.

За авторот: 

Ребека Вељанова е регрутер и администратор за човечки ресурси во FREIGHTECH INC. Има специјализирано на UACS на тема – Strategy for Motivating Employees.

0 коментар
2

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...

Оваа веб страна користи cookies.