Што е тоа што вработените го сакаат повеќе од сè? Флексибилност!

од 24HR

Современиот работник преферира флексибилност. Тоа го покажаа резултатите од најновото истражување на Citrix Systems кое опфати 2.000 вработени и 500 директори за човечки ресурси на големи и средни компании во САД.

Во анкетата, 88 проценти од вработените изјавиле дека кога би барале нова работа тоа би била позиција што нуди „целосна флексибилност“ во однос на работното време и место.

Повеќето вработени (83%) изјавиле и дека предвидуваат флексибилните модели на работа да станат стандардна деловна практика во текот на оваа година. Од друга страна, само две третини од директорите за човечки ресурси изјавиле дека го предвидуваат истото.

Технологијата не само што ја зголемува продуктивноста, туку и ги подобрува врските на работното место, велат испитаниците.

Две третини од директорите за човечки ресурси изјавиле дека се чувствуваат поповрзани со нивните колеги, менаџери и извршни директори кога работат од далечина.

Флексибилноста е важна за иднината на работното место

Серија истражувања на ADP спроведени во 2020 година исто така покажаа дека флексибилноста, вклучително и флексибилните работни аранжмани, ќе бидат клучен тренд во 2021 година.

Околу 44% од работодавците веќе имаат воспоставено официјални флексибилни работни политики, во споредба со 24% пред пандемијата, откри едно истражување на институтот ADP. Повеќе од половина (65%) од вработените во рамките на истото истражување изјавиле дека се чувствуваат позитивно во однос на можностите кои ги нуди флексибилноста во иднината.

Дневната соба станува новата канцеларија

И тоа е точно. Ако се навратиме наназад, флексибилноста им овозможи на милиони компании и вработени ширум светот да продолжат да функционираат за време на првиот бран на Ковид-19. Вработените чии канцеларии престанаа да работат ги извршуваа своите работни обврски од дневната соба. Затворањето на училиштата и установите за згрижување уште повеќе го комплицираа „новото нормално“ барајќи од работодавците да стават поголем акцент на флексибилноста за вработените родители.

Но, флексибилноста за некој не значи флексибилност за сите. Менаџерите и професионалците за човечки ресурси ќе треба да вложат сериозен напор за да изготват стратегија која ќе обезбеди фер флексибилност во нивната организација.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...

Оваа веб страна користи cookies.