Мора ли да се работи од 9 до 5!?

од 24HR

Пандемијата на Ковид-19 создаде можност за работодавците да размислат за традиционалните практики на работното место, вклучувајќи го и традиционалниот модел на работа од 9 до 5.

Тоа го потврди и најновото истражување на Групацијата Adecco, каде мнозинството испитаници се изјасниле дека преферираат хибридни работни аранжмани кои подразбираат работа преку телефон и на лице место. Тие, исто така, изразиле поддршка за ефективната работа ориентирана кон резултати наспроти условот да се работи на фиксно работно време, соопштија од групацијата.

Наодите покажуваат дека ставовите на вработените се промениле и дека во моментов постои јаз помеѓу очекувањата на работната сила и наложените процеси, смета извршниот директор на групацијата, Алан Дехазе.

„Како што зачекоруваме во новата ера на начинот на работа, сега е време да воспоставиме подобри норми кои ќе овозможат холистички здрава, продуктивна и инклузивна работна сила во иднина“, изјави тој.

Истражувањето опфатило 8.000 вработени во Австралија, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Шпанија, Велика Британија и САД.

Но, додека некои работодавци веќе ставија на тест одредени креативни решенија, како што се четиридневната работна недела или скратеното работно време, коронавирусот принуди повеќето од нив повторно да размислат како и од каде се извршува работата.

Експертите предупредуваат дека работното место во пост-пандемскиот период нема да изгледа исто како претходно, а компаниите, особено тие со поголем број на вработени, ќе мора да направат промени во начинот на функционирање.

Кога станува збор за промени, сигурно дека нема да постои one-size-fits-all решение, но тоа што може да го направи HR-от е да работи на откривање на преференциите на вработените и да спроведе нови политики кои ќе бидат јасни и ќе важат за сите.

 

 

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...