Ричард Бренсон: „Клиентите не се на прво место, вработените се“

од 24HR

Корпоративната филозофија на Ричард Бренсон дека „Луѓето се наше најголемо богатство“ одново предизвикува бранови во светот на бизнисот, особено сега во ек на пандемија кога лидерството, емпатијата и мотивацијата се клучни за надминување на моменталната ситуација.

Филантроп, авантурист, инвеститор и бизнис магнат. Ако внимателно го следите редоследот по кој се напишани овие зборови ќе ви стане јасно за каква личност се работи кога зборуваме за Ричард Бренсон. Неговата популарна изјава „клиентите не се на прво место, вработените се“ не е создадена само за да ги инспирира луѓето, туку тој навистина верува во тоа дека на вработените треба да им се стави приоритет.

На тој начин, тој создаде една нехиерархиска, егалитарна и семејна култура во сите свои компании, а тие станаа околина во која луѓето сакаат да работат и да доаѓаат на работа. И тоа е централната точка во целата негова корпоративна филозофија која има за цел да го задржи претприемачкиот дух во рамките на Virgin. Неговата теза е многу едноставна: Ако не успеете да ги мотивирате своите луѓе, не можете да ги надминете тешките периоди. Но, ако вашите вработени се задоволни и уживаат во нивната работа, тие ќе го достигнат посакуваното ниво на продуктивност, а како резултат на тоа, клиентите ќе уживаат во нивното искуство со вашата компанија. Звучи навистина едноставно, зарем не?

Групацијата Virgin работи во повеќе дејности, вклучувајќи трговија на мало, хотели, комуникации и авиотранспорт. Тоа што сите овие компании функционираат врз база на исти вредности покажува дека неговата филозофија е применлива во секој бизнис. Па, што е тоа што можеме да го научиме од Ричард Бренсон и неговите постапки како организациски архитект за да ги направиме нашите компании подобри?

Визија

Улогата на секој лидер е да создаде и комуницира визија. Зошто е толку неопходно да се создаде добро подготвена и искомуницирана визија за корпоративните промени? Најуспешните луѓе се мајстори за комуникација на нивната визија и презентирање на одржлива алтернатива. Тоа го прават преку говорот, метафорите, реакциите и начинот на изразување инспирирајќи ги луѓето да ја претворат нивната визија во реалност.

Да се навратиме малку наназад. Хенри Форд сакаше да направи автомобил кој ќе може да си го дозволат широките маси. Тој сакаше да им помогне на земјоделците (неговиот татко беше земјоделец). Основачот на ИКЕА, Ингмар Кампрад, ја основа својата компанија за да направи мебел што обичниот човек ќе може да си го дозволи. Билг Гејтс сакаше да го промени начинот на кој луѓето работат. Меѓутоа, ниту еден од нив не успеал сам.

Кога луѓето се мотивирани, тие можат да се посветат на визијата и мисијата на организацијата. Токму затоа, визијата игра клучна улога во стимулирањето на успехот на вработените. Таа треба да биде доволно инспиративна за да се создаде чувство на гордост кај луѓето, така што тие секогаш ќе се обидат да ги надминат поставените цели.

Ако се вратиме на Ричард Бренсон ќе видиме дека тој сака да создаде чувство за претприемништво кај своите луѓе, а тоа е само една од тајните позади успехот на Virgin. Тој вработува луѓе со иновативни идеи кои сакаат да водат бизнис, луѓе кои сакаат да бидат најдобри во толпата ии луѓе кои имаат силна желба да ја победат конкуренцијата.

Слобода

Големите лидери се ефикасни бидејќи вклучуваат различни тимови во својата визија. Нивните вештини за градење тим им помагаат на вработените да го разберат бизнисот и да всадат чувство на сопственост кај луѓето. Кога се дел од една таква организација, луѓето силно веруваат дека можностите и стратегиите немаат граници.

Сепак, лидерите честопати зборуваат за овластувања, но не успеваат да ги искажат своите очекувања во врска со успешноста. Само исклучителните лидери знаат како да ги мотивираат вработените преку давање овласувања и слобода што во крајна точка ја зголемува нивната самодоверба и мотивација да ги извршат своите задачи над очекувањата.

Енергија

Секоја компанија има луѓе кои не се во можност да го реализираат својот целосен потенцијал. Организациите се жива материја. Во нив тече огромна количина на енергија која лидерите треба да ја канализираат во вистинската насока.

Во ваквите ситуации, лидерот е како социјален работник чија задача е да обезбеди чувство на сигурност, да инспирира доберба и да создаде безбедно опкружување. Денес, емоционалната интелигенција е толку важна карактеристика која ги разликува ефективните од неефективните лидери.

Најефективните лидери знаат дека лидерството значи градење на безбедно засолниште каде луѓето можат да бидат креативни и да станат целосно посветени на она што го работат. Ричард Бренсон создаде организациска структура во која луѓето имаат чувство на сопственост над тоа што го прават.

Ова се трите особини на харизматичното лидерство на Ричард Бренсон – визија, слобода, енергија – кои се неопходни за менаџирање на талентот и негово ослободување со цел луѓето да станат најдобра можна верзија од себеси.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...