Емоционалната интелигенција е способност за идентификација и управување со сопствените емоции и емоциите на другите. Тоа е емпатија, убедување, набљудување и разбирање; тоа е способност да се мотивира тим, да се избегнат жешки политички теми и да се идентификуваат вистинските луѓе за вистинските улоги.
Што е поважно: IQ или емоционална интелигенција?
Тоа што ги разликува повеќето успешни луѓе од другите е всушност високата емоционална интелигенција (EI). Таа е многу поважна за нашиот успех од когнитивната интелигенција, особено сега во време на AI, каде единствената работа што не може да се копира или замени со роботи е упрарвувањето со луѓе, сочувството, грижата и „читањето“ на човечките емоции.
EI вклучува препознавање, разбирање и управување со сопствените емоции кои ни помагаат да ги препознаеме, разбереме и влијаеме на емоциите на другите. Тоа значи да се биде свесен дека вашите емоции можат да влијаат врз другите на негативен или позитивен начин и да разберете како да управувате со тие емоции под стрес и притисок.
Постојат 5 елементи на емоционалната интелигенција:
- Самосвесност.
- Саморегулација.
- Мотивација.
- Емпатија.
- Социјални вештини.
Па, дали ги користите вашите емоционални информации за да го обликувате вашето размислување и однесување?
Неколку знаци кои можат да ви помогнат да одговорите дали имате добра EI се:
- Имате робустен емотивен речник.
- Љубопитни сте за луѓе.
- Ја сакате промената.
- Свесни сте за вашите јаки и слаби страни.
- Добро може да процените карактер.
- Тешко може да се навредите.
- Знаете да кажете не (на себеси и на другите).
- Ги оставате грешките зад себе.
Дури и ако добро ја користите EI, одржувањето на емоционалната интелигенција значи да имате добар животен баланс и тоа вклучува постојано самостојно учење и личен развој како начин на живот, а не само еднократен проект. Тоа е навика која треба да се негува.
Како да бидете повеќе свесни и да ја подобрите вашата емоционална интелигенција
- Поставете си ги прашањата за зголемување на самосвеста (покрај психолошките тестови):
Кои се моите слабости?
Како моето моментално расположение влијае на моите мисли и донесување на одлуки?
Што се случува под површината што влијае на она што другите го кажуваат или прават?
- Размислете за вашите емоции
- Прашајте ги другите за перспектива
- Бидете набљудувач (на вашите сопствени емоции)
- Правете пауза
- Истражете го „зошто“
- Не се навредувајте кога некој ве критикува
- Наместо тоа, прашајте: Што можам да научам?
- Вежбајте, вежбајте, вежбајте
Одлични практични работи што помагаат за негување на емоционалната интелигенција
Промисленоста е едно од решенијата. Можеме да ја користиме промисленоста за градење и одржување на нашата емоционална интелигенција преку подобрена самосвесност и саморегулација. Медитацијата и ценењето на промисленоста се покажа дека прават чуда кога станува збор за елиминирање на стресот кога се соочуваме со напнати ситуации.
Водете дневник за вашите дневни активности и соништа и забележувајте која емоција е активирана во вашето секојдневие и за време на сонот. Поставете си прашања и разберете како околината влијае врз вашите чувства.
Заклучок
- Набљудувајте како реагирате на другите, вложете напор да се ставите во чевлите на другите луѓе и посветете се да бидете поотворени и да ги прифаќате гледиштата и потребите на другите;
- Разгледајте ја вашата работна околина и однесувањето на работа. Ако барате внимание за вашите достигнување, обидете се да вежбате понизност;
- Вклучете се во самоевалуација за да ги идентификувате слабостите и да добиете искрена слика за себе;
- Испитајте како реагирате на стресните ситуации и работете на тоа да останете мирни, прибрани и под контрола;
- Прифатете одговорност за вашите постапки – ова вклучува соочување со вашите грешки, извиување и обид да ги поправите работите;
- Испитајте како вашите постапки ќе влијаат врз другите пред да ги преземете овие постапки и ставете се себеси во туѓи чевли за да ги разберете последиците од тие постапки.
10 дополнителни совети за емоционална интелигенција
- Усовршување на познавањето на „јазикот на емоциите“ или учење како да се идентификуваат, разликуваат и комуницираат различните, но поврзани емоции;
- Именување на вашите емоции (ова значи не само нивно идентификување и препознавање, туку буквално и именување или етикетирање на истите);
- Користење на трето лице за да се оддалечиме од нашите емоции – но без да се обидеме да ги одречеме или истуркаме;
- Набљудување на нашите сопствени емоции без да се обидеме да ги поправиме. Не постојат лоши емоции, затоа е важно да ги препознаеме и прифатиме нашите емоции;
- Почувствувајте ги вашите емоции во вашето физичко тело, без оглед на тоа дали се работи за испотени дланки, напнати мускули, биење на срцето итн. Важно е да ги почувствуваме нашите емоции за подобро да ги разбереме и регулираме;
- Срушете го митот за „лоши“ емоции. Нема лоши емоции и затоа не треба да потиснеме или да се бориме со ниту една од нив;
- Забележете го создавањето на емоции пред да се „активираме“. Ова значи дека треба да обрнеме внимание на дополнителните придонесувачи на нашите големи емоции пред да станат навистина големи емоции;
- Препознавање на повторувачки обрасци. Ова може да се случи во ваква форма: „Кога [стимулот се случува], јас [типична реакција]“. На пример, може да кажете: „Кога ќе се налутам, се повлекувам“;
- Запишувајте ги своите чувства во текот на денот. Водењето двеник е одлична идеја од многу причини, а ова е само една од нив;
- Потсетете се дека емоциите се податоци. Ова значи дека емоциите се всушност вредни податоци кои можат да ви помогнат да ја пронајдете вистината и да донесувате подобри одлуки (Фридман, 2018).
Како што може да забележите, многу од овие совети и стратегии се сведуваат на неколку едноставни, но нималку лесни идеи:
Обрнете внимание на вашите сопствени чувства, обидете се да останете објективни и да ги прифаќате истите и размислете како вашите постапки влијаат врз другите.
Дополнителни активности што можат да ви помогнат во подобрувањето на вашата EI се:
Книги:
- Working with Emotional Intelligence – Daniel Goleman
- The power of Emotional Intelligence – Daniel Goleman
- Go suck a Lemon – Michael Cornwall
- Inner Engineering – Sadhguru
- Subtle Art of Not Giving a f.ck – Mark Manson
Филмови/Видеа:
- The next karate kid – Mr. Miyagi (4 делови)
- Animated Movies for Children: Up, Inside Out, Dambo, Wall-e
- Anger Management (2003)
- La Vita e Bella (1997)
- Mirror has two faces (1996)
- Think Fast, Talk Smart: Communication Techniques (YouTube)
- Simon Sinek (YouTube)
- Gary Vaynerchuk (YouTube)
За авторот:
Моника Ризовска има докажано искуство во менаџирање со луѓе во маркетинг, продажба и човечки ресурси во Seavus, Endava и Cosmic Development. Дел е од бордот на Women in Tech како Амбасадор за Македонија и е назначена за една од двете најинспиративни успешни жени во UN Women за Југоисточна Европа. Има над 15 год. искуство во невладини и студентски организации, и над 12 години искуство како говорник на теми поврзани со справување со криза, промени во култура, иновација, менаџмент, комуникација, маркетинг и технологија како ментор и судија на 54 интернационални настани, хакатони, работилници и конференции во ИТ и стартап индустријата. Ко-основач е на Ways2help, организација за помош на лица и загрозени семејства и Основач на Webond – организација за вмрежување и помош за раст на стартапи.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.