12th INTERNATIONAL MHRA CONFERENCE: Најголемиот HR настан во Македонија доаѓа во дводневно виртуелно издание

од 24HR

На 3-ти и 4-ти декември 2020 година ќе се одржи 12 Меѓународна MHRA Конференција во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси.

„Организации способни за иднината: Проактивни човечки ресурси“ е темата на овогодинешната 12-та Меѓународна MHRA конференција, која традиционално ја организира Македонската асоцијација за човечки ресурси.

Настанот, кој од година во година привлекува сè поголем број на учесници, годинава ќе се одржи во онлајн формат и ќе понуди богата програма за генералните менаџери и професионалците за човечки ресурси од земјава и регионот, кои сакаат да бидат во тек со најновите трендови во светот на човечките ресурси.

Конференцијата ќе се одржи на 3-ти и 4-ти декември и истата ќе опфати десетина формални презентации од говорници и панел дискусија со еминентни гости и говорници од областа на човечките ресурси.

Меѓу предавачите на конференцијата се вбројуваат: Боб Мортон (MBA, CCIPD, President of the World Federation of People Management Associations – UK); Д-р. Андреја Кодрин (Founder and CEO of companies Third Millennium Knowledge, Quintaum and global collaborative platform for youth innovation Challenge: Future – Slovenia); Д-р. Џовани Оскар Серафини (Lecturer, Business Administration and Economics Department at The University of Sheffield International Faculty, CITY College – Italy); Роб Еванс (Leadership Speaker, Corporate Teacher, Award Nominated Executive – UK); Проф. Хендрик Себастиан (Дрикус) Криек (Professor of leadership, IEDC-Bled School of Management – Slovenia); Арпи Карапетијан (Internationally Certified HR Professional (SPHRi, SHRM-SCP), Internationally Certified Coach (EPC), trainer, speaker, and consultant, Founder and General Manager of Cascade People & Business – Armenia) и уште многу други говорници. Во рамките на конференцијата, ќе биде организиран и регионален панел, на кој ќе учествуваат гости и говорници од Јужна и Југо-Источна Европа.

Дополнително, во склоп на конференцијата е предвиден и HR Expo 2020, каде што компаните ќе можат да ги промовираат услугите и продуктите од своето портфолио пред присутните учесници на настанот, како и други виртуелни посетители.

Повеќе за 12 Меѓународна MHRA Kонференција и начинот на пријавување можете да прочитате на официјалната веб страна на конференцијата: https://mhraconference.mk/

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...

Оваа веб страна користи cookies.