Како да ја продадете работната позиција и компаниската култура на кандидатот?

од 24HR

Во целиот процес на вработување, особено при регрутација, мислиме дека само кандидатот ги „продава“ своите способности. Меѓутоа, заборавме дека исто толку важно е и работодавачот да му ја „продаде“ работната позиција и компаниската културата на кандидатот.

Проблем кај голем број компании, особено кај инженерските и програмерските е големата конкуренција. Добро би било истите да си ги постават следните прашања пред да започнат со процесот на вработување: „Кои очекувања ги имаат кандидатите од нас? Како да се истакнеме токму НИЕ од толпата? Што е тоа што нè прави повеќе уникатни од другите компании?

Секако, очекувањата на секој кандидат се различни, меѓутоа важно е да се најде заедничка фреквенција помеѓу двете страни. Кандидатите нема да ја напуштат компанијата во која што моментално работат сè додека не видат реални причини за да прифатат нова работна позиција. Вие ќе треба да им покажате зошто да ве изберат токму баш вас. Подоле неколку насоки на кои може да работите:

  • Напишете „бум“ опис на работното место

Кога ќе креирате оглас за вработување, бидете точни, концизни и не давајте лажни информации. Вклучете интересни информации за вашата организација напишани на начин кој ќе го привлече вниманието на луѓето да аплицираат.

  • Споделете го тековното искуство на вработените (employee experience)

Разговарајте со сегашните вработени и откријте зошто сакаат да работат за вашата компанија. Пренесете го нивното искуство преку маркетинг кампањите на вашата веб страна, социјалните мрежи, настани, корпоративни видеа и сл. Факт е дека кандидатите активно ќе пребаруваат на интернет за да дознаат како е да се работи за вашата компанија. Почнете активно да работите на сликата за вашиот бренд насекаде. Верувајте, може дури и да ги дознаете проблемите на кои треба да поработите.

  • Доловете го искуството на кандидатот (candidate experience)

Секој сака да се чувствува дека може да даде позитивен придонес во некоја организација. Покажете му на кандидатот дека може да се вклопи во компаниската култура и наведете им начин како тоа најдобро да се постигне.

  • Разговарајте за кариерниот раст и очекувањата од работната позиција

Кој не би очекувал да напредува во кариерата, нели?  Разговарајте со кандидатот за можностите за напредок и развој во вашата компанија. Претставете му ја кариерата која би ја имал и овозможете му да се види себе си токму на тоа работно место.

  • Истакнете ги придобивките и уникатните поволности

Платата е навистина важна за сите вработени, но тоа не е единствената придобивка која ја очекуваат. Може и да се изненадите што е важно за нив, па затоа одвојте време да видите какви придобивки бараат во една компанија и идентификувајте кои од тие работи веќе ги нудите.

  • Поставувајте прашања

Запознајте го вашиот кандидат. Проценете што всушност очекува и дали можете да ги исполните тие потреби. Понатаму направете анализа дали одговара тоа што ви го претставил со придобивките и очекувањата од работното место. Понекогаш одговорот за тоа дали е вистински кандидат е поедноставен отколку што мислите.

  • Интервјуто е совршена можност да ја истакнете компаниската културата

Покажете како се негува културата. Во вашите разговори за регрутирање, претставете им на кандидатите конкретни примери на придобивки што сегашните вработени ги доживуваат како директен резултат од вашата организациска култура.

Користете бренд амбасадори[SN1] . Вашите вработени се силна маркетинг алатка. На дел од интервјуто вклучете сегашни вработени за да ги споделат нивните искуства во компанијата и како културата ги подобрува нивните професионални животи. Оставете простор и кандидатот да поставува конкретни прашања.

Ставете се на местото на кандидатот

Еден од најдобрите начини да се „продаде“ отворената позиција, компанијата и нејзината култура е да се ставите во кожата на кандидатот. Размислете што би било важно за вас, а потоа погледнете во компанијата за да видите дали таа ефикасно го исполнува она што ВИЕ би го сакале како кандидат.

Клучот за успех во текот на процесот на регрутирање е да се биде точен, зашто во текот на работата се открива вистинската слика. Не сакате да ризикувате да стекнете негативна репутација како работодавач. Сакаме да ги задржиме врвните таленти и работиме тимски со нив, а не да ги разочараме.  

Не секоја личност е компактибилна за одредена организација, ниту пак секоја организација е компактибилна за некоја личност. Ангажирањето на вистинскиот кандидат е од суштинско значење за двете страни. Со прецизно претставување на работата, вашата компанија и нејзината култура, значително ги зголемувате шансите да го најдете вистинскиот кандидат. На крајот на денот, ова е „win-win situation“ за сите.

За Авторот:

Стефани Неделкова е Специјалист за маркетинг и односи со јавност во Микросам. Во текот на својата 7 годишна кариера има и искуство во повеќе области на работење како Маркетинг и PR, HR специјалист и Data Protection Officer. И покрај тоа што е дипломиран правник, одбира кариера каде што може да ја изразува својата креативност

 [SN1]Можеш да ставиш линк од колумната за бренд амбасадори:
 https://24hr.mk/vrabotenite-se-vashi-brend-ambasadori/

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...