Стресот и работата: Како да менаџираме?

од 24HR

Стресот е интересна тема за која може многу да се пишува. Особено често  ја слушaме/читаме реченицата „Избегнувајте го стресот“

Но, стресот не е познаник кој ке го сретнеме на улица и може да го избегнеме. Практично, стресот не можеме така лесно да го избегнеме, но може да научиме како полесно да се справуваме со него со цел да не влијае на нашето психо – физичко здравје. Стресот е “зачин“ , дел од нашето секојдневие, па така присутен е и на нашето работно место. Речиси да не постои професија кое не е стресна или вработен кој никогаш не доживеал стрес на работното место.Стресот представува едноставна рекација на стиумулс кој го нарушува нашиот физички и ментален еквлибриум.Поимот “стрес” потекнува од латинскиот збор stringere, што значи “да се привлече цврсто” (to draw tight)и бил употребуван на овој начин во 17тиот век за да се опише тешкотија или болка.

Како најчести причини за стрес на работнотo место се наведуваат: нерамнотежата помеѓу работните задачи и она што вработениот може да го заврши во работниот ден , нарушени односи со колегите и неможност да се воспостави work – life баланс. Овие стресори доколку траат подолго може да доведат до појава на психолошки симптоми како анксизоност, раздразливост, проблеми со спиењето, немалена мотивација за работа и сл.

Ретките(епизодни) стресни ситуации немаат поголемо негативни влијание, дури во некои случаеви можат и да ја зголемат продуктивноста, но кога стресните ситуации не се разрешуваат и се повторуваат, телото е во постојана состојба на одбрамбена акција што го исцрпува биолошкиот систем и може да доведе до оштетувања во префронталната регија на мозокот.
Постојат значителни индивидуални разлики во реакциите на вработените на стресните ситуации. Одередена ситуација за еден вработен може да биде екстремно стресна, а друг вработен да биде по резилиентен на истиот стресор, па затоа е неопходно да се утврдат соодветни стратегии за справување со стресот, да се обезбеди социјална поддршка и да се знае на кој тип на личност припаѓаме.

Најважно е да бидеме свесни дека стресот може да се контролира. Исто така, постојат низа чекори што можеме да ги превземеме за поефикасно да го надминеме стресот.

Приоретизирање на задачите – направете добра проценка на задачите за работниот ден. Утвредете кој се најприоритени и кој ке ви одземат најмногу време. Дали некоја од задачите може да ја делигирате на друг колега ? Дали некоја од задачите може да се елиминира или да се остави за следните денови? Откако ке го направите ова фокусирајте се на најприоритетните задачи.

Во истражувањето за стресот на работа во последните неколку години, заклучокот е дека вработените треба да се „опуштаат“ од работа на дневна основа. Во слободното време, потребно е да заборавиме на сите проблеми поврзани со работата и да не размислуваме за задачите што допрва треба да ги завршиме, односно, со други зборови, „работата да не ја носиме дома“.Релаксацијата вклучува активности како што се одмор, слушање музика, пешачење во природа, односно активности кои не бараат поголем физички и ментален напор.

Научете да го намалите нивото на стрес со развивање на емоционална интелигенција. Емоционалната интелигенција е начин да управуваме и да ги користиме нашите емоции на позитивен и конструктивен начин. Емоционалната интелигенција е исто толку важна како и интелектуалната интелигенција за успех на работа, а се однесува на комуникација со други луѓе, надминување на разликите, и намалување на напнатоста и стресот.

Во борбата против стресот, покрај конкретните техники, на располагање имаме и други вештини кој може да се разиваат со цел да ги превенираме стресните ситуации , како што се комуникациски вештини, вештини за решавање на конфликти, техники за релаксација кои секоја во свој домен дополнително придонесува за зајакнување на една личност и системот на кој му припаѓа. За крај би истакнала, стресот нема да исчезне од нашиот живот, но затоа управувањето со стресот треба да биде континуирано.

За авторот:

Елена Милеска Дворчанец Специјалист за човечки ресурси во IT компанијата IT Labs. По вокација е дипломиран психолог на Филозовски факултет Скопје, а позади себе има околу 5 години работно искуство во човечки ресурси.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...