Како Македонски Телеком го одбележува меѓународниот ден за безбедност и здравје при работа

од 24HR

По повод 28 Април, Светскиот ден на безбедност и здравје при работа, ја потврдуваме нашата посветеност на здравјето и безбедноста на нашите вработени што секогаш е наш приоритет број 1. Годинава, фокусот на глобално ниво е ставен на влијанието на климатските промени врз работата, безбедноста и здравјето на луѓето. За таа цел работиме во континуитет на повеќе фронтови за да обезбедиме нивна врвна заштита од временските услови согаласно препораките на релевантните државни институции и меѓународните организации. Исто така, правиме и активности преку кои ги отвораме сите релевантни теми за целосната благосостојба на нашите вработени. Во таа насока, имавме отворен ден за средба со доктори и експерти од различни области на кој дискусиите се движат од физичкото, преку менталното здравје па сè до тоа кој е оптималниот „пакет“ за здрави и безбедни вработени. 

Истовремено, во насока на несебично споделување на нашето искуство и знаење во оваа област, Македонски Телеком учествуваше на форум за безбедност и здравје при работа, каде нашите сертифицирани вработени одржаа обука и предавање.

Тимот на Македонски Телеком учествуваше на тркалезна маса, обука на тема: Улогата на стручното лице и координаторот за безбедност и здравје на работа на мобилно градилиште, што се одржа во организација на Здружението за безбедност при работа „28-ми АПРИЛ”.

Нашите вработени несебично го споделија своето долгогодишно искуство и стекнато знаење со учесниците од други компании, претставувајќи го Македонски Телеком како лидер во земјава во оваа област и компанија која, покрај пропишаните законски регулативи и обврски, реализира и исполнува многу понапредни компаниски стандарди и критериуми во однос на безбедноста и здравјето при работа. Успешноста на заедничкото предавање на тимот на Македонски Телеком беше препознаена од највисоките државни испекциски органи, а согласно законот беше и валоризирана со стекнување сертификати како предавачи за тројцата наши колеги.

Тркалезната маса, одржана овој месец (април), кој е посветен на оваа проблематика, беше конципирана со јасен прагматичен карактер, што подразбира дека основната цел не беа напорни и исcрпувачки дискусии туку заедничка анализа и решавање на конкретни практични проблеми и предизвици, користејќи ги досегашните наши знаења и искуства во Улогата на стручното лице и координаторот за безбедност и здравје на работа на мобилно градилиште.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...