Како изгледа совршениот тим според Google

од 24HR

Проектот Аристотел на Google, кој започна пред околу 9 години, откри пет специфични обележја кои се карактеристични за добрите тимови. Но, дали се доволни само тие?

Ставете 5, 8, 12 или повеќе луѓе во иста соба и видете како ќе функционираат како тим. На крајот ќе забележите дека колку е групата поголема, така ќе биде помала нејзината ефикасност.

Тоа е многу слично како кога одите на вечера со пријателите. Каде да се оди? Италијански ресторан? Вегератријанска храна? Месо? Секој човек има свој вкус, а тоа го прави исполнувањето на заедничките интереси крајно предизвикувачки процес.

Тој заеднички интерес е крвотокот на тимовите, а само најуспешните организации знаат како да го поттикнат. Па, како им успева тоа?

Токму тоа е она што Google сакаше да го дознае во 2012 година кога група истражувачи тргнаа во потрага по откривање на карактеристиките на совршениот тим. Експериментот, предводен од Абер Дуби – менаџер во одделот за анализа на луѓе во Google, беше наречен „Проект Аристотел“.

Клучните карактеристики на совршениот тим

Конечно, по долгогодишната анализа на податоци и интервјуа со повеќе од 180 тимови низ компанијата, Google откри дека типовите на луѓе т.е индивидуалните личности во тимовите не се толку релевантни.

„Анализиравме голем број податоци, но не најдовме ништо што покажува дека мешавината на специфични типови на личности, вештини или позадини прават разлика. Се чини дека тој дел од равенката не е толку важен“, вели Дуби.

Наместо тоа, истражувачите откриле дека има пет клучни карактеристики на добрите тимови:

Психолошка безбедедност – кога секој се чувствува безбеден при преземањето ризици и знае дека нема да биде засрамен или казнет при евентуален неуспех.

Сигурност – кога секој ја извршува работата на време и како што треба.

Структура и јасност – кога секој знае какви се конкретните очекувања од него. Тие очекувања не треба да бидат само предизвикувачки, туку и остварливи.

Значење – кога секој има чувство дека неговата работа е важна, а тоа се постигнува преку финансиска сигурност, поддршка од тимот, семејството итн.

Импакт – кога секој гледа дека резултатот од неговата работа придонесува за целокупните цели на огранизацијата.

Не сите истражувачи се согласуваат со ова

Сепак, иако сознанијата на Google може да бидат вистинити до одреден степен, голем број научни студии ги побиваат истите. Всушност, некои од нив го тврдат токму спротивното – дека личноста, а не само нејзините вештини, игра навистина значајна улога во она што го прави тимот да биде успешен.

Томас Чаморо-Премузиќ, професор по деловна психологија на Универзитетот Колумбија и автор на книгата „Зошто толку неспособни мажи стануваат лидери? (и како да се поправи тоа)“ и психологот Дејв Винсборо, поранешен потпретседател во системите за проценка на Хоган, тврдат дека личноста во голема мера влијане на улогата на поединецот во организацијата.

„Много често, организациите се фокусираат само на функционалната улога и се надеваат дека добрите перформанси на тимот ќе дојдат сами по себе“, напишаа Чаморо-Премузиќ и Винсборо во напис за Harvard Business Review. “Ова е причина зошто дури и најскапите професионални спортски тимови честопати не успеваат да настапат како што тоа се очекува според иднивидуалните таленти на секој играч бидејќи нема психолошка синергија. Далеку поефективен пристап имаме ако се фокусираме и на личностите на луѓето, исто како што се фокусираме на нивните вештини“, сметаат тие.

Едно истражување спроведено токму од Хоган дава еден алтернативен поглед на сознанијата до кои дојде Google. Имено, истражувачите откриле дека поединците во тимови со слаби перформанси се фокусираат на 100 проценти прагматизам и 0 проценти градење на односи.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...