Шкотска е најновата земја со четиридневна работна недела

од 24HR

Шкотска ќе ја тестира четиридневната работна недела но без намалување на платите, земјата ќе учи од искуството на Исланд и Нов Зеланд.

Враќањето назад во канцеларија е процес кој ќе потрае некое време, а тоа е делумно поради отпорот кој доаѓа од самите вработени. Сепак, враќањето таму каде што бевме пред 18 месеци изгледа малку веројатно.

За многумина, закрепнувањето од неизвесноста која ја донесе пандемијата на Ковид-19 е можност да се направат промени за кои, во некои други времиња, би биле потребни и неколку години.

На пример, тоа е четиридневната работна недела која звучи одлично ако сте еден од оние што ќе добијат еден ден повеќе за одмор.

Шкотска е последната земја која го афирмира овој модел на работа, имплементирајќи пробна програма со која ќе се работи четири дена во неделата, а платата ќе остане иста. Целта на владата е да увиди дали овој модел е одржлив и дали навистина може да ја зголеми продуктивноста на вработените.

Сепак, ова неизбежно го покренува прашањето кој ќе ги плаќа тие 20 проценти од загубеното работно време? Зарем тоа не значи 20 проценти поголема загуба за работодавците – доколку не дојде до намалување на платите, потег на кој работниците нема да се согласат.

Претпоставката на шкотската влада, како и на многу други компании и влади кои ги испробаа пократките работни недели, е следново: „ако го скратиме рарботното време, работниците ќе бидат поодморени, позадоволни и попродуктивни, што потоа ќе го компензира намалениот број на работни часови и ќе резултира со еднакви или подобри резултати“.

Олеснителна околност во Шкотска е тоа што недостатокот на работна сила во некои сектори, пред сè поради Брегзит, веќе врши притисок врз работодавачите да ги зголемат платите или да ги подобрат условите за работа со цел да привлечат работници.

80 отсто од шкотските работници се „за“ пократка работна недела

Шкотискиот премиер Никола Старџен во својот изборен манифест вети најмалку една тест програма за четиридневна работна недела оваа година. Според извештајот на шкотскиот Институт за истражување на јавните политики дури 80 проценти од вработените би преферирале пократка работна недела, додека пак за 65 проценти тоа ќе доведе до поголема продуктивност.

Како и да е, како што стои во анализата на економскиот уредник на ББС, Даглас Фрејзер, работодавачот кој е подготвен да се вклучи во тестирањето на скратеното работно време, притоа задржувајќи ја платата на исто ниво, веројатно е дека ќе прави и други работи што придонесуваат за среќата и мотивацијата на вработените. Тука спаѓа поголема автономија, флексибилност, доверба, простор за креативност и квалитетно менаџирање што ги прави луѓето да се чувствуваат ценети и соодветно третирани. Сето ова може да ги направи резултатите од програмата помалку пристрасни.

Исланд започна со тестирање во 2015 – резултатите се многу добри

Исланд, пак, многу порано започна со тестирање на четиридневната работна недела пред околу 6 години, нудејќи им на вработените иста плата за пократко работно време.

Првичната пробна програма, во која учествуваа повеќе од 2.500 вработени, што е околу 1 процент од вкупното работоспособно население на Исланд, траеше до 2019 година, а минатиот месец истражувачите објавија извештај според кој овој експеримент го оценија за многу успешен.

Продуктивноста останала иста или се зголемича на повеќето работни места за време на експериментот, велат истражувачите. Работниците, исто така, објавија дека се под помал стрес, а тврдат и дека се чувствуваат поздраво, како и дека имаат подобар баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот.

Многу работници трајно се префрлија од 40-часовна работна недела на 35 или 36-часовна недела, велат истражувачите од британскиот тинк-тенк „Автономија“ и Асоцијацијата за одржлива демократија (Алда) во Исланд. Засега, 86% од исландската работна сила или се префрлила на скратено работно време со иста плата или само се стекнала со право да го стори тоа , додаваат истражувачите.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...