Клучот за привлекување и задржување на таленти на долг рок е во Employer Branding

од 24HR

Стратегијата за Employer Branding стана критична компонента за обновување на репутацијата на компаниите и привлекување на квалитетни вработени во секое време, а особено сега во период на глобална пандемија.

Како што моменталната пандемија предизвика огромен број предизвици и промени во организациските процеси, така привлекувањето и задржувањето на таленти стана примарна активност во одделенијата за човечки ресурси.

Водејќи се од тоа, организациите во голема мера се фокусираат на развивање на стратегии за Employer Branding и меѓусебна борба за привлекување на квалитетни вработени.

За да дадеме контекст на постојаното менување на чувството на вработените и зошто стратегијата за брендирање на работодавач е толку важна во моментов, ќе се повикаме на една студија на Monster.com која покажа дека дури 86% од вработените сметаат дека нивната кариера стагнира за време на Ковид-19, а 80% од вработените изјавиле дека нивниот тековен работодавач не нуди соодветни можности за раст. Други 34% се уверени дека најдобриот начин за излез од ваквата ситуација е да се да најде нова работа.

Ако ги додадеме бројните други анкети и податоци кои ги одразуваат овие типови на чувства кај вработените, јасно е дека стратегијата за Employer Branding станува критична компонента за професионалците за човечки ресурси. Па, што точно значи Employer Branding?

Во наједноставна смисла, брендот на работодавачот е сето она што работобарателтие и вашите вработени го имаат создадено како перцепција за компанијата. Тоа е процес на управување со репутацијата на вашата компанија и позиционирање на вашата организација како одлично место за работа и напредување.

Зошто е ова толку важно за организациите?

Како прво, брендирањето на работодавачот може да ги поддржи долгорочни потреби за вработување, привлекувајќи кандидати со повисок квалитет.

Следно, може да ги намали стапките на обрт на вработени и вкупните трошоци кои произлегуваат од тоа.

И на крај, силната стратегија за брендирање на работодавачот може да ја подобри разновидноста и да и помогне на вашата компанија да постигне побрз раст на пазарот.

Од каде да започнете?

  1. Направете fine-tuning на вашиот EVP
  2. Ревидирајте ја вашата тековна стратегија за Employer Branding
  3. Проактивно пристапете на фидбекот од вашите екс-вработени
  4. Ефикасно управувајте со профилите на социјалните мрежи
  5. Креирајте добри содржини генерирани од вработените
  6. Следете ги резултатите и прилегодете ја вашата стратегија според потреба

Заклучок

Како што гледате, брендирањето на работодавачот еволуираше и ќе продолжи да се прилагодува на пазарните средини. Организациите кои можат ефикасно да ја реализираат ваквата стратегија   ќе можат да напредуваат и ќе имаат конкурентска предност. Оние што нема да го направат тоа, ќе останат да се борат за привлекување и задржување на врвни таленти. Секоја компанија е единствена и стратегијата за брендирање на работодавач треба да ја претставува мисијата, вредностите и културата на компанијата која ќе ви помогне да се истакнете во привлекување и задржување на таленти.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...