10 нетрадиционални бенефити за вашите вработени

од 24HR

Ова се некои од најкреативните бенефити што работодавците ширум светот им ги нудат на своите вработени.

Во обид да привлечат врвни вработени, голем број компании развиваат програми за бенефиции што одат малку подалеку од приватното здравствено осигурување и дополнителните денови за одмор.

Новото истражување на Glassdoor откри дека поволностите за новите родители, стипендиите за доедукација, бесплатната храна се некои од најдобрите бенефити што ги нудат работодавците за да ги задржат своите вработени.

Солидниот бенефициски пакет е важен фактор за вработените со оглед на високата побарувачка на пазарот на трудот и зголемениот број на огласи за работа. Така, на пример, студијата на Glassdoor покажа дека за дури 57 проценти од работобарателите, бенефитите и придобивките се еден од најважните фактори при избор на работно место.

За да покажеме како организациите развиваат креативни бенефит програми за своите вработени, денес ќе споделиме 20 уникатни придобивки што ги нудат врвните работодавци денес.

Ова се некои од нетрадиционалните бенефити кои тие ги нудат:

Фитнес сали за вработените

За да ги поттикне вработените да ги постигнат своите лични фитнес цели, компанијата Reebok обезбеди целосно опремена фитнес сала заедно со часови за CrossFit.

Фудбалски турнир

Глобалната консултантска компанија Bain & Company еднаш годишно одржува тридневен фудбалски турнир во различен град секоја година. Се покануваат да учествуваат вработени од сите нејзини канцеларии ширум светот.

Придобивки за практиканти

Покрај тоа што им исплаќа значителна финансиска надомест, Facebook на практикантите им обезбедува и здравствена заштита и бесплатно домување.

Придобивки за миленичиња

Scripps Health, систем за здравствена заштита во Сан Диего, им нуди на сите свои вработени здравствено осигурување за мачки и кучиња.

Стипендии

Starbucks им обезбедува на своите вработени целосен надомест на школарина на програмата за онлајн учење преку Државниот универзитет во Аризона.

Родителска помош

Во American Express, и мајките и татковците добиваат до пет месеци целосно платен одмор. Новите мајки, исто така, обично добиваат шест до осум недели продолжување на платата за медицинско отсуство.

Попусти за храна

Вработените со полно и скратено работно време на Whole Foods Market добиваат 20 проценти попуст во продавницата.

Попуст за влезници во музеи

Вработените во седиштето на Gap добиваат бесплатен пристап до Музејот на модерна уметност во Сан Франциско.

Членство во теретана

Вработените во Microsfot можат да добијат годишен надомест од $800 за членство во теретана и фитнес програми.

Флексибилно работно време

Осигурителната компанија Swiss Re ја разви програмата Own the Way You Work која ги охрабрува вработените да ја прифатат флексибилноста и да работат од далечина.

Иако уникатните поволности можат да предизвикаат интерес кај вработените, сепак е важно да се понудат и традиционалните придобивки што вработените обично ги очекуваат. Кога го развивате вашиот пакет за бенефиции, најпрво проучете што е тоа што вашите вработени го сакаат и преферираат, а потоа впуштете се во негова финализација.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...