Teleperformance сертифициран како Great Place to Work® за 2023 година: За 91% од вработените компанијата е одлично место за работа

од 24HR

Сертификацијата Great Place to Work® е највисоко признание коешто ги препознава организациите кои вистински се посветуваат на креирање на одлична работна средина каде вработените се вреднуваат и успешно напредуваат.

Замислете си да работите на место каде вашиот глас се слуша, вашиот труд се цени и вашите придонеси се препознаваат. Тоа означува дека вработените не се само работници, туку тие се и срцето и душата на организацијата. Од моментот кога ќе стапнете во таа компанија, вие знаете дека сте дел од нешто посебно.

Кога една организација ќе ја постигне оваа тешко остварлива цел, тоа е како да освоила златен медал на Олимписките игри. Вработените стануваат амбасадори на своето работно место, со гордост ги споделуваат своите искуства со пријателите, семејството, па дури и со лица што не ги познаваат.

Teleperformance успешно ја постигна оваа цел и затоа и оваа година е сертифициран како Great Place to Work®, признание кое го доделува истоимениот институт со седиште во САД врз основа на индексот на доверба на вработените спрема својот работодавач. Според овогодинешните податоци, дури 91% од вработените имаат доверба во Teleperformance како работодавач.

„Ние во Teleperformance се гордееме со ова признание. Заедно, го прославуваме успехот и моќта на добро завршената работа. Нашата посветеност кон вработените и нивното задоволство се од суштинско значење“, вели Надица Ставрова, Менаџер за човечки ресурси во  компанијата.

Култура на соработка и инклузивност, препознатлива за Teleperformance, создава околина каде секој има шанса да се развива и да биде успешен. Преку програмите за обуки и тренинг, компанијата ги поддржува вработените да ги надградуваат своите вештини и активно да земат учество во новите предизвици.

Понатаму, Teleperformance води грижа за балансот помеѓу приватниот и професионалниот живот, обезбедувајќи поддршка и флексибилност за секој еден вработен. „Се осмелуваме да кажеме дека сме семејство затоа што тоа го чувствувате при првиот чекор во нашите простории“, додаваат од Teleperformance.

Сега, откако ја доби оваа награда, компанијата е уште помотивирана да продолжи во својата мисија да креира одлични работни места и работна околина по највисоки светски стандарди.

„Teleperformance верува дека среќните и задоволни вработени креираат исклучителни искуства за нашите клиенти, а добивањето на Great Place to Work® сертификацијата е само потврда за исклучителните напори кои ги вложуваме за да создадеме најдобро работно место за нашите вработени“, нагласува Надица.

Зборуваш германски и сакаш да станеш дел од Teleperformance?
Кликни на www.TPSkopje.com и започни кариера во работодавачот #1 во Македонија!

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...