Пандемијата ја промени економијата и пазарот на трудот, а со тоа и потребите за квалитетен кадар кој постојано учи.
Почнувајќи од 16 август, американскиот ланец на супермаркети „Волмарт“ ќе го намали надоместокот од 1 долар дневно за програмата за учење на вработените и ќе плати 100% од трошоците за доедукација на својата работна сила.
Новата политика доаѓа како резултат на промените во економијата и пазарот на трудот, а од компанијата велат дека вработените кои ќе земат учество во програмата за учење „преземаат важни чекори кон создавање на долгорочна кариера во рамките на екосистемот Волмарт“.
„Волмарт“ исто така ќе додаде и нови понуди во самата програма, вклучувајќи дипломи и сертификати за бизнис администрација, синџир на снабдување и сајбер-безбедност. Како и нови партнери како што се Универзитетот Џонсон и Велс, Универзитетот во Аризона и Универзитетот во Денвер и Петстрим.
Пред пандемијата, работодавците почнаа да инвестираат повеќе во развојот на вработените делумно да за ги задржат работниците на тесниот пазар на труд. На ова се надоврзува и мислиењето на експертите кои велат дека трошокот од неедукација на вработените може да биде поголем на долг рок, особено ако обуката директно ги подобрува нивните перформанси.
Но дури и во време на пандемија, инвестициите во обука на вработените во голема мера се одржливи, според студијата на Стопанската комора на САД и Здружението за управување со човечки ресурси.
„Волмарт“ е само една од компаниите кои постојатно трагаат по иновативни начини за инветиции во својот човечки капитал.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.