Поглед кон иднината: 7 клучни вештини кои ќе им требаат на вработените во новиот свет на работното место

од 24HR

Голем број истражувања покажуваат дека пандемијата само ја забрза неминовната дигитална трансформација која ќе го обликува новиот начин на работа, а овој тренд создава нови можности, но и нови предизвици за вработените во човечки ресурси.

Дигитализацијата, вештачката интелигенција, роботиката и другите нови технологии веќе беа едни од поголемите нарушувачи на работното место до 2020 година. Потоа дојде Ковид-19 којшто придонесе за поинтензивен напредок на автоматизацијата, подем на далечинската работа и раст на е-трговијата со што компаниите станаа помотивирани од било кога за создавање на инклузивни и поддржувачки работни места – кои, по потреба, бараат одреден сет на меки вештини меѓу вработените.

Додека работодавачите и регрутерите прават стратегии како да изградат работна сила подготвена за иднината, тие ќе мора да бараат кандидати кои можат да се истакнат во услови на дигитална трансформација и да напредуваат во работните култури во „поинклузивното утре“. Но, која вештина точно му е потребна на кандидатот за да ги исполни тие критериуми?

Консултантската компанија PSI направи истражување на случувањата во последните 10 години и идентификуваше седум нови компетенции за кои се верува дека би можеле да се истакнат во текот на следната деценија како вештини кои им се потребни на вработените за успех, без оглед на позицијата или индустријата во која работат.

Критичко размислување

Извештајот за иднината на работните места на Светскиот економски форум откри дека критичкото размислување е меѓу најбараните вештини во организациите. Соочени со сè покомплексни задачи, вработените кои работат од далечина и изолирани од своите колеги треба да бидат способни да анализираат информации од различни извори, брзо да ги идентификуваат најважните аспекти и да го одредат најдобриот начин за извршување на работните задачи.

Агилност

Ерата на Ковид-19 откри многу ранливости кои организациите претходно ги игнорираа па дури и не знаеја дека постојат, принудувајќи ги вработените и менаџерите на сите нивоа брзо да се прилагодат бидејќи стратегиите што функционираа во минатото се покажаа како неефикасни.

Дигитализацијата ќе продолжи да предизвикува нарушувања со слична големина, барајќи од лидерите и вработените да го усвојат агилниот начин на размислување и однесување. Работниците подготвени за иднината мора да бидат способни објективно да ги проценат своите искуства и да ги применат лекциите што ги учат во нови и еволуирачки ситуации.

Дигитална умешност

Интересот и усвојувањето на вештачката интелигенција, роботиката иcloud технологиите се очекува само да се зголеми, што ќе доведе до фундаментални промени во многу индустрии и позиции. Способноста за брзо разбирање и искористување на нови знаења е неопходна за секоја компанија што сака да поттикне иновации и да ја оптимизира ефикасноста. Ова веќе го видовме кога брзата имплементација на технологија за управување со работна сила им овозможи на големите и мали организации да се адаптираат на далечински и хибридни модели на работа со минимален прекин во работењето.

Градење односи

Напредокот во технологијата им овозможува на вработените повеќе да се фокусираат на областите каде што луѓето се супериорни во поглед на машините. Емоционалната интелигенција и социјалните вештини ќе бидат клучни за успешна соработка и тимско управување, бидејќи далечинските и хибридните модели на работа стануваат тренд. Вработените кои се опремени со проактивна комуникација и вештини за градење доверба неопходни за негување врски, во виртуелни и физички услови, ќе имаат успех во периодот што доаѓа.

Прифаќање на различноста

Разновидните организации имаат тенденција да постигнат подобри деловни перформанси. Сите организациски лидери, менаџери и вработени играат суштинска улога во воспоставувањето и одржувањето деловна рамка која поддржува разновидни перспективи, идеи и решенија. Продолжувајќи напред, секој вработен ќе има одговорност да обезбеди дека луѓето ќе бидат третирани праведно и тие мора да бидат подготвени да се побунат и да дејствуваат кога тоа не се случува.

Отпорност

Пандемијата ги стави благосостојбата и менталното здравје на вработените во центарот на вниманието, подвлекувајќи ја важноста на личната отпорност на работното место. Луѓето мора да бидат подготвени да се справат со неизбежните неуспеси и промени; тие мора да бидат способни да постават граници што ќе им помогнат ефективно да се повратат. Во исто време, организациите треба да ја одиграат својата улога со тоа што ќе обезбедат културата и лидерството на компанијата да бидат формирани на начин кој ќе гарантира максимална благосостојбата на вработените.

Ориентираност кон промени

Подемот на дигитализација и автоматизација влијае не само на начинот на работа, туку и на организациските структури и потребите на пазарот. Работниците кои можат да усвојат позитивен начин на размислување кон овие промени во нивните работни задачи, стекнати вештини и организациски структури, најверојатно ќе успеат. Овие промени ќе бидат предизвикувачки, но исто така ќе претставуваат можности за поединците да развијат нови вештини и да преземат различни одговорности.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...