Ирска станува првата земја во која вработените ќе имаат законско право засекогаш да работат од дома

од 24HR

Ирците ќе добијат законско право да изберат дали сакаат да продолжат со работа од дома и по крајот на пандемијата.

Вработените во Ирска ќе имаат право да бираат помеѓу работа во канцеларија и работа од дома. Тоа е предвидено во новиот закон кој на вработените во земјата ќе им даде право да побараат од нивниот работодавач да им дозволи да работат од дома.

Новиот закон, кој е дел од пошироката Националната стратегија за работа од далечина, исто така предвидува и таканаречено „право на исклучување“, изградба на далечински работни центри, ревидирање на даночниот третман и можно забрзување на Националниот план за широкопојасен интернет.

Како што објави „Ириш Тајмс“, целта на владата е 20% од вработените во јавниот сектор да работат од далечина.

Стратегијата на Ирска вклучува и планови за зајакнување на правата и одговорностите на работодавците и вработените, како и за обезбедување на потребната инфраструктура за работа од далечина.

Новото законодавство ќе биде подготвено до крајот на септември, а истото ќе им дозволи на вработените да бараат аранжмани за работа до дома.

Иако тие автоматски немаат право на договор за работа од далечина, законското решение ќе бара од работодавачот да даде образложен одговор зошто не може да го дозволи тоа.

Во случај вработениот да не биде задоволен од добиеното образложение, тој или таа ќе може да поведе случај пред Комисијата за работни односи.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...

Оваа веб страна користи cookies.