Учествувајте на HR EXPO 2020!

од 24HR

Претставете ги вашите HR продукти, услуги и програми на HR EXPO 2020 кој ќе се одржи во склоп на 12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси во организација на МАЧР.

Во рамките на 12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси која ќе се одржи на 3-ти и 4-ти декември 2020 година, Македонската асоцијација за човечки ресурси организира и онлајн HR EXPO каде компаниите и организациите преку свој виртуелен штанд ќе имаат можност да ги презентираат своите HR продукти, услуги и програми.

Овој настан е наменет за компании, центри за обука, консултантски куќи, универзитети и факултети, агенции за посредување при вработување, ИТ компании и други засегнати страни кои сакаат да го покажат своето портфолио и да стапат во директен контакт со HR професионалци, менаџери и лицата кои учествуваат или ги носат одлуките во нивните организации.

Учесниците не HR EXPO 2020 ќе имаат можност да закупат виртуелен штанд каде што ќе ги прикачат сите свои промотивни материјали кои ќе бидат достапни за посетителите.

Доколку вашата компанија / организација е заинтересирана да биде една од изложувачите на HR EXPO 2020, за придобивките и останатите информации погледнете ја брошурата која може да ја превземете на следниот линк.

Воедно, за дополнителни информации може да се обратите на contact@mhra.mk и +38978389277.

За сите останати информации поврзани со конференцијата, посетете ја веб страната mhraconference.mk.

Прочитајте > Дарко Петровски: 12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси ќе биде уникатно искуство за македонските HR професионалци

24HR
главен медиумски покровител на
12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси
mhraconference.mk

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...