Директор за работа од дома: Нов тренд или уште една позиција која ќе исчезне по крајот на пандемијата?

од 24HR

Поголемиот дел од вработените работат од дома па така некои компании како „Фејсбук“ веќе бараат да ангажираат професионалец кој ќе биде целосно одговорен за организирање на работата од далечина.

Далечинското работење стана норма „благодарение“ на Ковид-19 и тој тренд ја забрза појавата на една нова работна позиција во неколку компании, вклучувајќи го и „Фејсбук“, која се нарекува „Директор за работа од дома“. Така на пример, позицијата во „Фејсбук“ е дизајнирана да ја поддржи одлуката на извршниот директор Марк Цукерберг да им дозволи на вработените да продолжат да работат од дома до летото 2021 година и неговото ветување половина од глобалната работна сила на компанијата да работи од дома во следните 5-10 години.

Но, работната позиција не е потполно нова. Во 2019 година, пред да се случи пандемијата на Ковид-19, технолошката компанија GitLab го назначи Дарен Марф за шеф на далечинско работење, чија задача беше да го помогне во управувањето со искуството на вработените кои работат од дома. Истиот тој Дарен Марф, откако започна пандемијата, советуваше и други компании за подобра организација на работата од дома.

Прочитајте > Големо истражување на „Мајкрософт“: 90 отсто од менаџерите се за комбиниран модел на работа

Зависно од развојот на идните настани, оваа нова работна позиција би можела да стане мејнстрим во голем број организации. Директорот за работа од дома би бил стратешки мислител кој ќе ги разбере дистрибуираните и виртуелни тимови, ќе гради силни релации и ќе биде агент на промената. Според еден оглас на компанија која веќе бара вработен за ваква улога, потребните квалификации за позицијата се:

  • Работно искуство во управување со луѓе, далечинска работна сила, како HR Бизнис партнер или во човечки ресурси
  • Докажани резултати за градење и одржување на комплексни меѓу-функционални релации
  • Искуство со развој на стратегија, дизајн / управување со програма и управување со промени
  • Способност за креативно размислување и прототипирање на нови идеи
  • Искуство со работа во матрица и околина која постојано се менува
  • Диплома за високо образование или еквивалентно работно искуство во човечки ресурси

Дали вработувањето на Директор за работа од дома ќе стане тренд?

Аран Стјуарт, извршен директор на Job.com, очекува дека ќе се случи токму тоа – вработувањето на Директор за работа од дома да стане тренд.

„Гледам промена кон вработување на remote специјалисти – луѓе кои знаат да управуваат и да извлечат најголема ефикасност од тимови кои работат од далечина“, вели тој. „Неколку технолошки компании веќе дадоа ветување дека ќе работат од дома барем до следното лето, а некои, како „Мајкрософт, рекоа дека нивните вработени никогаш не мора да се вратат во канцеларија. Тоа не го намалува фактот дека на овие компании им треба раководство за да го извлечат најдоброто од тие тимови“.

Сепак, иако називот на работното месот може да биде нов, Стјуард вели дека самата улога на некој начин не е. „Многу компании веќе управуваат со оф-шор технолошки тимови“, вели тој. „Но, позицијата која ја создаде „Фејсбук“ носи ново ниво на одговорност, организација и структура. Дефинитивно очекувам и други компании да го следат примерот со слични позиции. Најверојатно, таа ќе се спушти и во другите сектори, но технолошката индустрија честопати води во оваа насока и е најреактивна со другите индустрии што ќе го следат нејзиното водство“.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...

Оваа веб страна користи cookies.