Работните средини станаа попријатни

од 24HR

Пишува Мине Алптекин – предавач на МЕФ и универзитетот Бахчешехир во Истанбул и консултант за човечки ресурси со 20-годишно искуство

Во последниве години голем број компании спроведоа повеќенаменски, долгорочни и важни студии за одржливост. Еден од најновите трендови меѓу овие студии е влијанието на здравото живеење врз деловниот живот. Со други зборови, велнес програмите.

Долги часови од нашиот деловен живот го поминуваме во работно опркужување. Дел од тие долги часови во најголемиот дел од времето ги поминуваме во стоење, седење или работа на компјутер.

Кога поминуваме повеќе време на нашето работно место отколку во нашиот дом, се појавуваат физички и психолошки здравствени проблеми.

Поради оваа причина, работните места осамнаа со написи и постери во контекст на здравјето и безбедноста на вработените. На пример, основни, но важни потсетници како „како да се работи“, „како да седите“ на компјутер.

Постојат и многу бесплатни онлајн курсеви за здрав живот, вклучително и часови по јога и медитација за вработените.

Во прилог на она што го знаеме, враќањето на новите трендови започна да се разликува уште повеќе.

Ајде да дадеме неколку примери…

Работните места почнаа да создаваат спортски простории и ги охрабруваат своите вработени да спортуваат во слободно време. Капсулите за спиење, за кои особено слушаме од големите технолошки компании како „Гугл“ му овозможуваат на вработениот да одмори 15 минути во текот на денот, а потоа да се врати на работа.

Ако дадеме неколку примери од истата компанија, сите овие активности обезбедуваат попријатно работно опкружување и поефикасни резултати од работата.

За авторот:


Мине Алптекин е наш дописник од Истанбул, Турција со 20-годишно искуство во областа на човечките ресурси. Во моментов предава „Дигитални човечки ресурси“ на МЕФ и универзитетот Бахчешехир во Истанбул, а во исто време работи и како консултант за човечки ресурси. Мине смета дека човечките ресурси се неопходен сектор во секоја компанија. Особено во овој тежок период, улогата на човечките ресурси стана уште поважна. Поради ова, Мине ќе споделува предлози и идеи што ќе им помогнат на нашите читатели колку што е можно повеќе. Мине ќе пишува кратки статии со време за читање од 2 до 5 минути.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...