Ковид-19 ги промени бенефитите што вработените ги преферираат на работното место

од 24HR

Пандемијата промени толку многу работи во врска со работното место, вклучително и бенефитите што вработените ги бараат.

Како во нормални околности, така и во време на глобална пандемија, овој период од годината голем број организации го користат за да ги реевалуираат бенефициските програми за своите вработени.

Тоа значи спроведување на истражувања за подобро да се разбере што е она што вработените го посакуваат од нивните компании, покрај платата. Според порталот FastCompany, пандемијата на Ковид-19 имаше длабок импакт и врз бенефитите на вработените, а ова се 6-те начини на кој го направи тоа:

Бенефитите добија на значење

Бенефитите се клучен и скап дел од компензацискиот пакет на вработениот. Едно ново истражување на Prudential Insurance покажа дека 52% од анкетираните вработени би го замениле своето работно место за друго со „посоодветни“ бенефиции. Дури седумдесет и седум проценти рекле дека придобивките се „клучен дел од нивната компензација“ – тоа се 10% повеќе од минатата година.

„Тоа во најголем дел се должи на пандемијата“, вели Лестон Велш, раководител за деловни сегменти во Prudential Group Insurance. „Вредноста која вработените ја ставаат на придобивките на работното место е слична на вредноста што во моментов работодавците ја ставаат на нивната способност за виртуелно работење. Она што некогаш беше „убаво да се има“ сега стана „нешто што мора да се има“. Така, дури и во вакви несигурни времиња за пронаоѓање на нова работа, половина од вработените би можеле да заминат поради подобри бенефиции“, додава тој.

Прочитајте > 7 совети за градење на култура која ќе ги привлече и задржи најдобрите таленти

Здравјето стана приоритет

Здравственото осигурување беше главен приоритет за испитаниците во истражувањето на MetLife’s Employee Benefits Trends 2020. Речиси 9 од 10 испитаници сметаат дека тоа е нешто што мора да се има. Но вработените бараат многу повеќе, а не само заштита на физичкото здравје. Другите “must-have” здравствени бенефиции вклучуваат: покриени стоматолошки услуги (69%), покриени здравствени услуги за вид (41%) и покриени здравствени услуги за попреченост (41%). Покривањето на трошоците за третман на критични заболувања и рак беа главен приоритет за 32%, односно 23% од испитаниците. Prudential Insurance откри дека вработените, исто така, преферираат и некои бенефити кои се директно поврзани со Ковид-19, а тие се:

  • Зголемување на платеното боледување за вработени со Ковид-19 (48%)
  • Кофинансирање на тестовите и третманот за Ковид-19 (43%)
  • 24/7 пристап до здравствени работници (24%)

Бенефитите поврзани со менталното здравје станаа уште поважни. Во изминатиот период, вработените се бореа со анксиозност, депресија и други проблеми поврзани со менталното здравје. Едно истражување спроведено од компанијата Willis Towers Watson откри дека 77% од компаниите нудат или го прошируваат пристапот до услуги за ментално здравје.

Протоколи за безбедност на работното место

Анкетата на ASA Safety Monitor и Harris Pool спроведена во месец јули покажа дека повеќето вработени се задоволни од начинот на кој нивните работодавци одговориле на пандемијата, особено од протоколите за хигиена во канцелариите (85%), политиките за далечинско работење (82%) и начинот на комуникација во време на пандемија (81%). За да се чувстуваат безбедно на работа, вработените ќе бараат:

  • Социјално дистанцирање (51%)
  • Детални протоколи за одржување на хигиена (45%)
  • Заштитна опрема за работа (41%)
  • Алатки за скрининг на температура (41%)

Флексибилноста е сè поважна

За време на пандемијата, луѓето беа приморани да ја инкорпорираат работата во своите приватни животи на некои нови начини. И тие сакаат флексибилност за да го направат тоа. Едно истражување во јули спроведено од Staples покажа дека дури 40% од вработените се „за“ флексибилно работно време.

И ако сте помислиле дека на вработените ќе им здосади работата од дома, податоците покажуваат дека тоа не е така. Три од пет лица кои работеле од дома за време на пандемијата повеќе би сакале да продолжат со тоа колку што е можно повеќе, дури и по укинувањето на ограничувањата, според анкетата на Gallup. На ова се надополнуваат и сознанијата од истражувањето на Prudential Insurance каде 68% од вработените во САД сметаат дека далечинското работење ќе стане многу понормална појава по пандемијата, додека 20% од нив сериозно размислуваат да пронајдат работа што ќе им овозможи да работат од дома.

Прочитајте > Флексибилното работно време го подобрува менталното здравје на вработените

Родителите сакаат бенефити за грижа за своите деца

Бенефитите за децата на вработените се ретки, но тоа не значи дека не се барани, особено сега кога вработените не можат да направат физичка бариера помеѓу приватниот и професионалниот живот. Истражувањето на Care.com покажа дека повеќето (85%) родители немаат бенефиции за грижа за своите деца. Но, повеќе од две третини од тие луѓе велат дека би размислиле да ги заменат своите тековни бенефити како денови за одмор, денови за боледување и пензиска шема за субвенционирана грижа за деца од страна на нивните компании.

Од друга страна, 60% од вработените кои во моментов не добиваат никаков надомест за грижа за деца велат дека во случај да го добијат овој бенефит, перформансот на нивната работа би се подобрил, а дури 67% сметаат дека за возврат ќе им бидат поверни на своите компании.

Фокус на финансиската благосостојба

Работодавците се чувствуваат поодговорни за финансиската благосостојба на своите вработени. Бројот на работодавци кој се чувствува „екстремно одговорно“ скокна на 62% во најновиот извештај за бенефити на работното место на Bank of America, во споредба со 13% во 2013 година.

Сè повеќе компании имплементираат финансиски програми за благосостојба кои опфаќаат низа сегменти, вклучувајќи планирање за здравствена заштита и трошоци за пензија, буџетирање и управување со долгови. Осумдесет и три проценти од работодавците сметаат дека ваквите програми имаат позитивно влијание врз вработените.

Извештајот исто така откри дека 57% од вработените изјавиле дека нивната благосостојба има големо влијание врз нивната продуктивност. Но, генерално, финансиската благосостојба на вработените е во пад, а ова остава простор за одговорните компании да се вклучат во играта.

0 коментар
2

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...