Интервју за љубовта кон човечките ресурси со Нехар Аљиу – секретар на Државниот Факултет Мајка Тереза и консултант за човечки ресурси во А.Д Даути Комерц.
Нехар Аљиу е дипломиран правник и дипломиран политиколог, две комплементарни насоки за континуирано усовршување во делот на професионалното формирање и интегритет. Во приватниот живот посветен на семејството и спортувањето, а за себе вели дека сака да учи од искуствата на другите и дека секогаш цели кон тоа да ги вреднува нивните достигнувања. Конзистентен и упорен во тоа што го посакува.
На професионален план, од 2019 година е дел од Државниот Универзитет Мајка Тереза во Скопје како секретар на факултетот, а воедно е ангажиран и како консултант за човечки ресурси во компанијата А.Д Даути Комерц.
Денес во рубриката Љубов кон HR како гостин го имаме токму Нехар Аљиу, кој во едно поинакво интервју за порталот 24HR ќе ја раскаже својата HR приказна.
Што ве натера да се вљубите во човечките ресурси?
Визијата за идентификација на вештините на луѓето и нивните скриени способности за да одговараат со адекватната позиција каде што комотно може да придонесат и да работат со љубов и волја беше пресвртна точка кога се пренасочив да градат кариера во човечки ресурси. Силно верувам дека секој вработен заслужува да биде среќен во работниот амбиент, а мотото кое ме водеше во HR беше дека „Секој вработен може да го достигне поставениот таргет од менаџментот ако истиот поминал низ соодветни обуки и усовршување“. Хармонијата и тимскиот дух се главните компоненти за импактот успех кои секогаш требат да се негуват со отворена комуникација помеѓу вработените, HR секторот и менаџментот на една компанија.
Од каде започнавте и како изгледа вашата кариерна патека?
По завршување на студиите се вработив во компанијата А.Д Даути Комерц во секторот правна служба, бренд кој што асоцира на професионалност и современо менаџирање со дистрибуција на прехрамбени продукти во Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово. Соработката и кооперативноста со вработените од горенаведените земји и неминовната потреба за усогласување на работните места и нови вработувања беа првите симпатии кон HR. Растот на компанијата наметнуваше динамично менаџирање со новите вработени и нивно брзо интегрирање во компанијата. Препознаењето на моите вештини од страна на менаџментот на компанијата во 2014 година ме пренасочија во HR секторот. Врвот на кариерата беше достигнат во текот на 2016-2017 година кога преку процесот на регрутација на HR секторот се вработија 200 нови вработени.
Кое е вашето најголемо достигнување во областа на човечките ресурси?
Работниот процес заедно со динамичноста и високата посветеност на човечкиот капитал во компанијата наметнуваше креирање на методи за мерење на перформансите на вработените и награда за покажаните успеси. Визијата беше секој вработен да се чувствува дел од големото семејство на компанијата, а со тоа беа амортизирани заминувањата на постоечкиот кадар. Организирање на проектот “Team Building” во Италија, Грција, Црна Гора и други патувања беа дел од концептот за запознавање на вработените и негување на тимскиот пристап.
Што би им порачале на сите кои размислуваат за кариера во HR?
Човечките ресурси е професија која те исполнува и те привилегира да бидеш дел од успехот на вработените и нивната среќа. Создавање на нови работни места, задоволни вработени, креирање на политики за вреднување и награда се дел од предизвиците кои наметнуват амбициозни и мотивирани личности. Доколку сакате да се занимавате со нешто такво, ве охрабрувам да ги направите првите ваши чекори во човечките ресурси.
Што мислите за порталот 24HR?
Не постои HR професионалец што не слушнал за 24HR! Само продолжете со истото темпо!
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.