Динамичноста и постојаниот предизвик се причина за мојата неотповиклива љубов и страст кон човечките ресурси

од 24HR

Интервју со Билјана Стефановска, Директор за човечки ресурси во Енвижн Груп и ГЦДФ сертифициран кариерен советник со десет години искуство во регионални и интернационални компании.

Билјана Стефановска е дел од првите генерации на Менаџери за Човечки Ресурси во Македонија, ГЦДФ сертифициран кариерен советник  со десет години искуство во регионални и интернационални компании. Моментално Директор за Човечки Ресурси во Енвижн Груп, интернационална брзорастечка компанија со 100 плус вработени. Вљубеник во својата професија, хуманитарец и упорен борец  за континуирано подобрување на општеството. Додека работното време е исполнето со развивање на стартегии за посреќни вработени и поголема успешност на компанијата, своето приватно време го поминува во посета на културни настани, дружба со пријателите и семејството и  волонтирајќи за подобрување на општествените практики за справување со маргинилизираните групи на граѓани деца без родители, еднохрани семејства, социјално загрозени граѓани. Во моментот подготвува проект за инклузија на недоволно квалификуван кадар на пазарот на трудот заедно со волонтери колеги од областа на управување со човечки ресурси за кој би можеле да зборуваме во некоја наредна прилика. Верува дека должност на секој интелектуалец со поголеми капацитети е да помогне да се подобри општеството во кое живееме на  индивидуален начин согласно можностите.

Што ве натера да се вљубите во HR како професија?

Во раните почетоци бев импресионарана од безграничните можности на професијата од секој можен аспект, од креативност до аналитики и метрики. Како личност сум неуморна и хиперактивна и не можам да работам репетитивни работи. Во Менаџментот на човечки ресурси ретко кога математички може да се спроведе стратегијата за управување со кадарот и развојот на бизнисот бидејки најголем дел од инпутот во секоја аналитика се луѓето а луѓето се променливи,  и пред се бесконечно различни. Нема два исти вработени, нема два исти кандидати секогаш има повеќе варијации и бесконечно многу комбинации на лични  и професионални особини. Токму таа динамичност и постојан предизвик се причина за мојата неотповиклива љубов и страст кон работата.

Од каде почнавте и како изгледаше вашата кариерна патека?

Започнав како асистент за човечки реусри на проект од каде продолжив на комбинирана  позиција Асистент на Генерален Менаџер и асистент за човечки ресурси во Хај Тек Корпорација бидејки во тој период беа раните почетоци н професијата во Македонија и се уште имаше многу нејаснотии. Токму на оваа позиција имав можност да го применам сета теоретско знаење бидејки имав среќа да Генералниот Директор беше подеднакво фасциниран како и јас од можноста да математички се анализира и насочува однесувањето. Поставивме темели на мерења на учинок по вработен , мотивации на врабоени, програми за развој на таленти итн . Понатаму заминав во геинг Кребс унд Кифер каде што слободно можам да кажам дека го заокружив своето кариерно реализирање како Менаџер за управување со Човечки Ресурси со имплементација на комплетна стартегија на развој на Човечки Ресурси во голема компанија од над 350 вработени. Ова беше воедно мое најдраго работно искуство бидејки работев во најголем тим за човечки ресурси согласно интернационални стандарди и имавме бескрајно многу часови на аналитики, консултации и радости по постигнати резултати. Понатаму продолжив во Проспертоп и Космик Девелопмент каде ги зголемив своите знаења во однос на работа со клиенти,  работа со странци и развој на бизнис, за да сега во Енвижн продолжам во имплементација на сите досегашни знаења и да се надоградувам согласно новините во нашата професија и мојата позиција.

Вашето најголемо HR достигнување?

Реално секојпат кога ќе видам среќа на лицето на вработениот за мене е достигнување. Тешко е да се одвои едно достигнување но да речеме најдраго достигнување ми е креирањето на систем за утврдување на компетентност на инженери што беше макотрпна шест месечна работа но крајниот резултат беше оценката на системот како подобар од кој било постоечки во Европа. Тоа беше проект за кој не бев сигурна дали е воопшто изводливо да се создаде но кога ги споредивме финалните метрики и се утврди дека системот функционира и дава точен резултат  е дефинитивно незаборавен момент.

Што би им порачале на сите кои размислуваат за кариера во HR?

Денеска областа на човечки реурси дури и во нашата држава е многу развиена и расчленета, од правни апекти, економски дел  и  подготовка на плата, регрутација, мотивација на вработени  и развој на стартегија за управување со човечки ресурси . Верувам секој може да го пронајде своето место доколку исполнува еден најважен преуслов а тоа е филантропија и трпение бидејки во кој било дел од управувањето со човечки ресурси контактот и комуникацијата со многу различни индивидуи е неизбежно.

Што мислите за порталот 24HR?

Порталот 24HR е токму она што недостигаше особено минатите 3 години со огромната експанзија на нашата професија на глобално и локално ниво. Уживам во секоја нова статија.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...