Страста кон работата е клучна компонента за успех која ја поттикнува амбицијата на луѓето и ги инспирира за работа со визија и максимум потенцијал

од 24HR

Запознајте ја Лилјана Бојковска, наш денешен соговорник во рубриката Љубов кон HR на 24HR!

Лилјана Бојковска е вистински пример за HR професионалец кој го живее тоа што го работи. Најчесто ќе ја забележите на социјалната мрежа LinkedIn каде е доста активна за теми од својата област, а несебична е и кога треба да му се помогне на некој што бара работа токму таму. Ни откри дека процесот на трансформација на кариерата од продажба во човечки ресурси за неа претставува еден вид на остварување на својот сон. Денес, таа работи како Partner Relation Manager во ИУТЕ Кредит Македонија, а ова е нејзината HR приказна.

Што е тоа што ве натера да се вљубите во човечките ресурси?

Љубовта кон луѓето, емпатијата, можноста да се препознае потенцијалиот во нив како и поддршката и унапредување на бизинсот е она што роди љубов во мене кон човечките ресурси.

Од каде почнавте и како изгледа вашата кариерна патека?

По реализирање на долгогодини предизвици во продажбата како дел од тимот на АМЦ, градење на тимски дух и јакнење на продажните вештини направив кариерна промена во поглед на образование магистрирајќи на Факулететот за туризам и менаџмент насока Човечки ресурси. Својата кариерна патека одлучив да ја насочам и трансформирам во нешто што најмногу ми лежи и да си го остварам сонот. По бројните обуки и пракси во човечки ресурси првата можност за вработување ја добив во Tigo Finance компанија во експанзија со 105 вработени на позиција Асистент за човечки ресурси, а по само два месеци станав Специјалист за човечки ресурси и офис менаџмент. Првиот впечаток што го добив од работата беше „како не го работев ова до сега“ исполнета со воодушевување и огромна страст кон работата. Открив дека најмногу ме исполнуваат интервјуата, динамичноста и комуникацијата со нови лица, поставување на вистинскиот кандидат на вистинското работно место, успешно вклопување во организациската култура и во барањата на позицијата и во тимот како и градење на одлично искуство на кандидатот, а за компанијата статус на посакуван работодавач.

Следно искуство е Спортлифе трејд, каде што обврските не се фокусираа на една компанија тука беа организирани во модел на аутсорсинг за повеќе фирми во опсег на приближно 1200 вработени што бара брзо адаптирање во тоа темпо, голем број административни процеси и интервјуа.

Сега сум дел од ИУТЕ Кредит Македонија како Partner Relation Manager, позиција која има многу допирни точки со HR, преговарање и соработка со деловните партнери, oрганизирање обуки за кадарoт од партнерските компании, многу динамична и исполнувачка професија нешто што многу ме исполнува како склоп на она што го сакам и она што го работев и бев многу успешна во тоа.

Која е пораката на Лилјана за сите кои размислуваат за кариера во човечки ресурси?

Работата во човечки ресурси не може да биде без страст? Постојат политики, процедури и законски барања што треба да се почитуваат, но она што ги издвојува добрите човечки ресурси е основната желба да направат баланс помеѓу бизнисот и луѓето, запознавање на вистинските вредности, стремежи и потенцијал во луѓето и овозможување да добиваат работни задачи кои се на висина на нивните можности но и повисоки со што им се укажува можност да ги развиваат своите перформанси, креирање на кариерна патека и можност да се градат и растат заедно со компанијата со што ќе стојат пред предизвик, ќе градат чувство на припадност кон компанијата и ќе чувствуваат придонес за нејзиниот успехот. Никогаш не оставајте вработен со чувство на неуспех.

Кога зборуваме за Onboarding, Coaching and Support на нововработените мислиме на сите активности кои се неопходни за да се адаптира и прилагоди нововработениот на организацијата и своите способности и вештини во најкраток временски рок да ги користи на најпродуктивен начин. Организирано воведување на нови вработени во организацијата ги намалува негативните ефекти од промените во работната средина, начинот на живот и работа и го забрзува приспособувањето кон новите услови. Целта на организираното воведување во работата на нововработените е да се забрза нивната социјална, работна и психолошка адаптација во организациско опкружување, да се создадат услови за новите вработени на почетокот во реално време, да стекнат позитивен впечаток за организацијата и работната средина, да се чувствуваат прифатени и важни во тимот, за да започне формирање на добри работни навики и способноста да се оспособи за работа за која се вработени. Вклопувањето во организацијата во првата година е од клучно значење. Она што ќе се научи во овој период остава траен печат на однесувањето на вработените, неговите ставови и вредности врзани за работата, квалитетот во извршување на работните задачи и воопшто за неговиот иден успех и напредување.

Недостатокот на добра програма за ориентација се должи на високата стапка на флуктуација меѓу вработените во текот на првите месеци на работа. Ефективноста на ориентацијата има траен ефект на апсентизмот и флуктуацијата. Поволна меѓучовечката комуникација е уште еден значаен фактор на ориентацијата која треба да го олесни влезот на вработениот во работната група. Анализа на сегашните знаења и вештини во однос со барањата на работното место, ќе ни помогне да оцениме што новите вработени треба да научат пред да можеме да очекуваме дека ќе ја извршат работата по потребните стандарди. Длабочината на овој јаз во зависност од тоа дали лицето кое ја врши работата претходно има работено на исти или слични работни места.

Страста кон работата е клучна компонента за успех ја поттикнува амбицијата на луѓето и ги инспирира што и да прават. Вработените се јадро на компанијата, во работата го споделуваат и најдоброто и најлошото во комуникацијата со своите колеги и многу е важно да се оддржи тој грижлив семеен дух, колегите се најголемо семејство. Работата треба да биде предизвик, страст, можност за раст и можност за заработка.

Најпосакуваните особини што треба да ги имате кај вашите вработени, како креативен дух и прагматичен пристап на работното место сите тие квалитети на вработените се секако важни, но не се толку важни како страста кон работата и посветеноста на вработените кон вашата компанија.

Вештините се важни се разбира, но на крајот страста кон работата е таа што вистински ги придвижува бидејќи веруваат во вашата во корпоративната мисија и ги бранат боите на вашата компанија. Вештините доведуваат до градење на нешто добро. Страста води кон градење на нешто одлично.

Најголем проблем на компаниите е каде да пронајдат такви вработени, малку организации знаат како да го идентификуваат „страствениот“ талент, а наместо тоа, повеќето компании избираат кандидати засновани на работната историја и вештини.

Идентификување на страствени вработени значи слушање на кандидатот, следење на неговиот говор на тело и искрите во очите согледувајќи дека навистина сака да ја добие работата. Кандидатите кои сакаат тоа да го работат со страст ќе ви дадат одговор чие ехо ќе ви помине низ ‘рбетот – или во најмала рака, ќе ве насмее, нема да си заминат незапаметени. Работата во човечки ресурси доколку го работите тоа со огромна желба и посветенест и со голема љубов знае многу да возврати за трудот и да се почувствувате како HR херои.

Лилјана Бојковска за порталот 24HR:

„Портал кој дефинитивно ни требаше, за секојдневно освежување во поглед на идеи и искуства на докажани ХР професионалци и светски трендови. Ве читам со задоволство.“

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...