5 совети за лидерство од Дејв Улрих, татко на современиот HR

од 24HR

Дејв Улрих е нашироко познат како еден од најистакнатите експерти за сите прашања поврзани со човечките ресурси.

Тој, исто така, има објавено опширна литература на темите лидерство, организациски развој и човечки ресурси, а особено за темата The HR Value Propositionкоја станува сè поактуелна во HR-ските кругови. Денес на 24HR споделуваме 5 совети за подобро лидерство во управувањето со човечките ресурси од Дејв Улрих, таткото на современиот HR.

Направете план за работна сила кој ќе ја одразува вашата долгорочна стратегија

На лидерите им е потребна работна сила која може да ја спроведе деловната стратегија. Откако ќе се воспостави стратегија, следниот чекор во негувањето на идеални услови за раст е разбирање на сегашните и идни улоги во компанијата. Работата може да се подели на три вида работни места, и тоа: клучни работни места, работни места за поддршка и незначителни работни места – и за секој од овие типови е потребен соодветен тип на работник.

Клучните прашања кои треба да ги поставите се:

  • Кои клучни работни места ќе направат  најголема разлика во вашите резултати во следните пет до десет години?
  • Колку сте способни да ги пополните тие работни места со вистинските луѓе?
  • Колку проценти од клучните позиции се пополнети со квалификуван кадар?

Изградете бренд на работодавач кој ќе покаже како се наградува вработениот за добро завршена работа

Исто како што една организација мора да разбере што може да им понуди на своите клиенти, таа мора да разбере и што е тоа што треба да им го понуди на своите вработени. Тековните и идни таленти мора да ги разберат приоритетите што компанијата ги има поставено во однос на својот бренд на работодавач кој се развива заедно со корпоративниот бренд.

Брендот на работодавачот е залог за сегашните и идни вработени за тоа како треба да очекуваат да бидат третирани кога ќе работат добро. Имајќи го ова на ум, потенцијалните таленти најверојатно ќе изберат компании чии вредности ги претпочитаат.

Помогнете им на вработените да ги разберат нивните кариерни можности

Јасноста во тоа кои се целите на вработените и како тие цели се вклопуваат во иднината на организацијата е исклучително вредна како за организацијата, така и за поединецот. Отворените разговори помеѓу лидерите и вработените за тоа што може да се очекува во текот на нивната кариера дава јасна визија и разбирање во чекорите кои се потребни за да се оди напред.

Кога развивачите на човечки капитал одржуваат искрени и продуктивни разговори со своите вработени, вработените преземаат одговорност за одлуките дали да останат таму каде што се, да се одлучат да продолжат напред или да направат поинтензивна промена во кариерата.

Пронајдете и развивајте следна генерација на таленти

Пронаоѓањето на таленти од следната генерација се прави со вклучување на секое лице во организацијата како извидници на таленти со цел да се пронајдат вработени кои се подготвени да растат. Тоа треба да бидат луѓе кои:

  • Обучуваат и менторираат
  • Делегираат и овластуваат
  • Мотивираат

Фокусирајте се на колаборација, пријателство и вмрежување

Лидерите треба да моделираат ставови кои го поставуваат тонот за колаборација, пријателство и вмрежување, а не конкуренција, ривалство и изолација. Тие што развиваат таленти знаат дека за да бидат ефективни, нивните тимови треба да видат како нивната работа влијае врз другите. Тие треба да разберат како сите делови од организацијата работат заедно за да се исполнат очекувањата на клиентите и инвеститорите. Заклучокот е дека силните врски водат до побрзо и посилно учење и развој.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...