7 HR практики кои може да ги одржат вашите вработени среќни

од 24HR

Придобивките од тоа да се има среќни и задоволни вработени се добро познати, но сепак дел од компаниите сè уште не се свесни за нив. Во оваа статија прочитајте зошто искуството на вработените е толку важно и кои се 7-те HR практики кои може да ги одржат вашите вработени среќни.

Искуството на вработените на работното место е клуч за опстанокот на секој бизнис. На тоа влијаат мноштво фактори, почнувајќи од физичкото и технолошкото опкружување па се до културата на самата организација. Но, и покрај тоа, голем број оддели за човечки ресурси не го исполнуваат својот целосен потенцијал кога се работи за задоволството на вработените.

Ова делумно се должи на времето кое треба да се потроши на административни задачи, а исто така дел од HR професионалците не се сигурни кои се најдобрите начини за да се постигне оваа цел.

Зошто искуството на вработените е толку важно?

Придобивките од тоа да се има среќни и задоволни вработени се добро познати, но сепак дел од компаниите сè уште не се свесни за нив. Овие предности вклучуваат зголемена продуктивност, подобра тимска работа, подобри стапки на ретенција, повисока ангажираност на персоналот, помалку отсуства и поголема креативност, мотивација и иновативност – сето тоа на крајот на денот се претвора во поголем профит за вашата компанија.

Како човечките ресурси можат да ги одржат вашите вработени среќни?

Искуството на вработените е еден од најдоминантните фактори што го одредува нивното задоволство. Како такво, тоа не е одговорност само на одделите за човечки ресурси, но сепак тие имаат многу важна улога – како што ќе се согласи секоја компанија за човечки ресурси. Еве неколку практики со кои вашиот бизнис може да го подобри искуството, а преку него и задоволството, на вашите вработени:

Негувајте добра рамнотежа помеѓу работата и животот

Ова е исклучително важно за физичкото и менталното здравје на вашите вработени. Преинтензивната работа доведува до незадоволство и исцрпеност. Затоа, бидете колку што е можно пофлексибилни во однос на можноста за работа од дома или барањата за флексибилно работно време за да се осигурате дека вашите вработени ќе се чувствуваат почитувано и ценето.

Промовирајте раст и развој преку обезбедување на можности

Ниту еден вработен не сака да се чувствува како да е заглавен во ќорсокак. Изгледите за напредок, манифестирани преку јасна кариерна патека, можат да бидат многу мотивирачки за вработените. За да успеете во ова, вашата организација треба да понуди колку што е можно повеќе курсеви, обуки и можности за понатамошен развој.

Давајте повратни информации и покажете благодарност

Фидбекот ќе им помогне на вашите вработени да разберат дали добро ја извршуваат својата работа и каде треба да се направи подобрување, а тоа им овозможува да бидат попродуктивни. Од друга страна, давањето признание за сработеното ја зајакнува самодовербата и моралот и тоа води кон поголемо задоволство на работното место.

Создадете пријатен и позитивен работен простор

Работната средина има огромно влијание врз тоа како луѓето се чувствуваат бидејќи тие поминуваат толку многу време во канцеларија. Малите нешта како природната светлина, удобниот канцелариски мебел и просторот за одмор може да направат разлика. Исто така, тука се вбројува и обезбедувањето на потребната технологија која ќе им овозможи на вработените добро да ја завршат својата работа.

Обезбедете им автономија на вработените

Давајќи им на вработените право да донесуваат самостојни одлуки ќе ги направи да се чувствуваат доверливи и ценети. Покрај тоа, автономијата стимулира креативност и иновативност, а овие две работи можат да бидат од неиизмерна корист за вашата компанија.

Организирајте редовни социјални настани

Ова е всушност најлесниот начин за зајакнување на тимската работа и меѓусебните односи на вработените, правејќи ги луѓето да се чувствуваат попозитивно во однос на доаѓањето на работа и подобрувањето на културата на работното место.

Побарајте предлози од вашите вработени

Ако навистина сакате да дознаете што е тоа што ќе го израдува вашиот персонал, само прашајте ги вашите вработени. Без разлика дали станува збор за конкретни стимулации или неколку мали подобрувања за кои никогаш не сте помислиле, можеби ќе добиете одлични идеи од вашите вработени. Самиот факт што вие ги прашувате нив за мислење, исто така, ќе им покаже на вашите вработени дека се грижите за искуството и задоволството на секој еден од нив.  

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...