9 книги што секој HR професионалец треба да ги прочита во 2020

од 24HR

Читањето книги не е само што е добро за вашиот развој, туку и за вашето здравје. На тој начин ја подобрувате меморијата, отворате нови светови и се запознавате со нови идеи. Еве 9 одлични книги што можеби ќе сакате да ги додадете во вашата листа за читање во 2020 година.

Карантинот ни остави доволно време да му се посветиме на своето семејство, но и на нашиот личен развој. Но, како што ситуацијата полека се враќа во нормала, работата мора да продолжи, а луѓето што се занимаваат со човеки ресурси најдобро знаат дека професионалениот развој не треба да запре исто како и сите други процеси во рамките на една организација.

Еден од начините да останете во тек со сите трендови и промени во областа на човечките ресурси е секако преку читање на релевантна литература. За да ви помогнеме да ги изберете вистинските книги кои ќе го поттикнат вашиот раст, ви ја пренесуваме листата на најдобри книги фокусирани на човечки ресурси за 2020 година објавена на сајтот HR Exchange Network:

HR on Purpose: Developing Deliberate People Passion од Стив Браун

Како добро познат предводник на размислување во HR-т, Браун поминува многу време фасилитирајќи ги разговорите за можностите во човечките ресурси. Во оваа книга, тој ги предизвикува претпоставките и однапред прифатените идеи за тоа како треба да изгледа HR-от и наместо тоа, го предизвикува читателот да размисли за можностите и да се впушти во својата страст за HR.

HR from the Outside In: Six Competencies for the Future of Human Resources од Дејв Улрих, Јон Јангер, Вејн Брокбенк и Мајк Улрих

Неколку ветерани за човечки ресурси ги здружија силите и направија прирачник за компетенции што ќе го подготви современиот HR професионалец за новата стратешка улога која ја бара современиот бизнис. Тие го поставија аргументот дека една од најважните улоги на практичарот за човечки ресурси е да се биде кредибилен активист, како за вработените, така и за бизнисот во целост.

Generation Z: A Century in the Making од Кори Семилер и Меган Грејс

Кога миленијалците (генерацијата Y) ја погоди работната сила, тоа создаде промена во очекувањата на работодавците, културата на работното место и начинот на кој работодавците размислуваат за процесите и односите со вработените. Сега, нова генерација влегува во работната сила и нивниот животен стил, очекувања и погледи на светот се повторно различни.

За ефикасно управување со генерацијата Z, лидерите за човечки ресурси треба да го разгледаат начинот на кој припадниците на оваа генерација управува со парите, пристапот во одбирањето на образование, како ги вреднуваат своите релации и што е тоа што го сакаат во нивната кариера. Оваа книга ги истражува токму овие теми на начин што ќе им помогне на HR одделенијата да управуваат со генерациската разновидност во нивните тимови.

Unleashing the Power of Diversity: How to Open Minds for Good од Бјорн З. Екелунд

Како што различните култури се судираат и природата на работата станува сè по глобална, постојат разлики што можат да ги поделат тимовите доколку не можеме да развиеме заеднички јазик и култура што ги истакнува нашите заеднички цели. Во оваа книга, авторот открива чекор-по-чекор програма за комуникација преку културни линии за развој на култура на доверба која олеснува поголема разновидност во рамките на организацијата и изградба на глобални тимови.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...