9 книги што секој HR професионалец треба да ги прочита во 2020

од 24HR
Talent Wins: The New Playbook for Putting People First од Рам Чаран, Доминик Бартон и Денис Кери

Планирањето во врска со талентите се менува и бара нов начин за да се постигне целта. Оваа книга користи примери почнувајќи од некои од најголемите светски компании па се до стартапите во Силициумската долина за да покаже како HR-от може да стане партнер кој му е неопходен на бизнисот за привлекување, развој и управување со таленти кои можат да ги задоволат технолошките и аналитичките побарувања на современото работно место.

Feedback (and Other Dirty Words): Why We Fear It and How to Fix It од М. Тамра Чендлер и Лаура Даулинг Грилиш

Добронамерниот и искрен фидбек понекогаш е тешко да се прими, но во светот на човечките ресурси, собирањето на повратни информации и способноста истите да се спакуваат во конструктивен разговор кои го стимулираат растот на вработените е вистинска уметност. Во оваа книга, авторите подлабоко разгледуваат од каде доаѓаат негативните реакции на повратните информации и како да се ограничат негативните физички и емотивни реакции како резултат на тоа. Тие нé запознаваат со трите ”F” на фидбекот (focused, fair и frequent) кои ќе ни помогнат да ја намалиме тензијата која понекогаш ги придружува овие дискусии.

Predictive HR Analytics: Mastering the HR Metric од Мартин Р. Едвардс и Кирстен Едвардс

Напредните HR метрики понекогаш се тешки за разбирање, но истите стануваат неопходен дел од работата на современиот HR професионалец. Да се биде во можност да се предвиди обртот на вработени, да се анализира и процени диверзитетот и да се направат мали подесувања на интервенциите на вработените се клучни вештини кои се разгледани во оваа книга. Авторите се фокусираат на статистички технички и предвидливи аналитички модели кои можат да помогнат во подобрувањето на способноста на HR-от да ги направи истите на етички начин.

Talent Keepers: How Top Leaders Engage and Retain Their Best Performers од Кристофер Мулиган и Крег Тејлор

Преку шест студии на случаи, авторите на оваа книга откриваат како организациите можат да развијат и имплементираат план за ангажирање на вработените базирани на стратегии кои се покажале како успешни. Почнувајќи од моментот кога новиот вработен за прв пат влегува во компанијата па се до подоцнежните фази на развојот, овој систематски пристап ќе им помогне на HR лидерите да создадат култура што ги задржува и негува вработените да растат во рамките на организацијата.

Nine Lies About Work: A Freethinking Leader’s Guide to the Real World од Маркус Бакингем и Ешли Гудал

Културата е сè, но има заблуди и лаги што го опфаќаат работното место и предизвикуваат дисфункција. Тоа е централната теза позади оваа книга што има за цел да ги идентификува тие лаги и да ги предизвика лидерите на слободно размислување кое може да им помогне преку маглата да ја видат уникатната природа на своите тимови и да откриваат вистини за работното место или она што авторите го нарекуваат реалниот свет на работа.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...