Процес на регрутација и селекција во КОЛА

од 24HR

Секторот за човечки ресурси на КОЛА ни открива како изгледа процесот на регрутација и селекција во компанијата.

Кога станува збор за регрутација и селекција добро е познато дека постојат многубројни различни пристапи и методи. Секоја компанија го прилагодува својот пристап за регрутирање согласно пазарот на трудот, дејноста на компанијата, работната позиција, условите за работа и локација на извршување на работните обврски.  Исто така, пристапот и методите кои ги одбираме се потпираат и на културата и вредностите кои се негуваат во компанијата.

Во КОЛА, меѓу вредностите кои ги негуваме се искрена и транспарентна комуникација. Овие вредности започнуваме да ги презентираме при огласот за вработување. Огласите за вработување секогаш се детални и транспарентни вклучувајќи наведени услови за работната позиција и услови кои ги нуди компанијата. На овој начин одлично ја таргетираме групата за пријавување од една стрна и заштедуваме време на “барачите” на работа од друга страна.

Понатаму, следуваат иницијални разговори со селектираните кандидати. На овие разговори ги воочуваме, покрај искуствата на кандидатот, она што е уште поважно, очекувањата на кандидатот од работната позиција и од компанијата. Исто така, ја презентираме компанијата, го запознаваме кандидатот за нашето постоење, дејност и детално ги комуницираме работните обврски и условите за работа. Многу важно, за нас, меѓу другото е и да ги одговориме прашањата поставени од страна на кандидатот.  

Кандидатите се селектираат за понатамошен чекор на селекција врз основа на потребните услови за работната позиција. Следните разговори се водени од Talent Acquisition Specialist и претствник од секторот зависно од отворената работна позиција. Разговорите се состојат од два дела и тоа во првиот дел разговорите се базирани на Модел на компетенции, а вториот дел се прашања во врска со знаење од областа на работниот процес за отворената работна позиција и практична примена преку case study. Во КОЛА за секоја работна позиција определени се компетенции и за секоја компетенција однапред се дефинирани прашања со помош на кои се истражува компетенцијата.  Бидејќи секоја компетенција се изразува со одредена акција или однесување, за моделот на компетенции ја користиме S (Situation), B(Behavior) O(Outcome), или “ситуација, однесување и резултат” метода каде кандидатите презентираат ситуација која навистина им се случила во претходното работно искуство и детално ги опишуваат постапките кои ги имаат преземено околу ситуацијата. Карактеристично за разговорите по модел на компетенции е што сите однапред дефинирани прашања се применуваат на сите селектирани кандидати и кандидати кои имаат претходно работно искуство. Предност на овој начин на водење на разговорите е што овозможува водење на структурирани разговори, објективност, евалуација, предиктивност и компарација на кандидатите.

Во случај кога кандидтите не се во можност да продуцираат конкретна ситуација поради тоа што немаат претходно работно искуство тогаш поставуваме хипотетичка ситуација при што ни опишуваат како би постапиле. Секако, кога ситуацијата е хипотетичка не можеме да сме бидеме комплетно сигурни дека наведените постапки ќе бидат реализирани бидејќи секој од нас има тенденција да се презентира во најдобро светло, но можеме да го воочиме за начинот на размислување на кандидатот.

Доколку отворената работна позиција има потреба од дополнителни техничи вештини применуваме и вежби преку кои согледуваме на кое ниво кандидатот има познавање за истите.

Користејќи го моделот на компетенции вклучувајќи ги и одговорите од Case study зададени од страна на претставник од конкретен сектор зависно од работната позиција имаме можност низ        45 – 60 минутен разговор со кандидатот да направиме негова евалуација и да бидеме околу 60% сигурни дали и колку одреден кандидат исполнува однесувања поврзани со компетенцијата и колку кандидатот би можел да одговори на контретната работна позиција.

По секој направен избор, дополнително на известувањето за избран кандидат, испраќаме и прашалник за Candidate experience каде кандидатите кои учествувале во процесот на селекција имаат можност да го евалуираат своето искуство за време на разговорите и селективниот процес.

На крај, завршуваме со искрена и транспарентна комуникација и feedback-от од искуствата на кандидатите ни помага заедно да растеме, да се развиваме и да бидеме лидери на пазарот.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...