Дали веста дека Мајкрософт ги зголемува платите е дарежливост или обид да се задржат талентите?
Пред неколку дена, извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела, објави дека компанијата ќе го „удвои“ својот буџет за покачување на плати врз основа на заслуги. Технолошкиот гигант со седиште во Сиетл, исто така, објави дека ќе ја зголеми компензацијата во акции за најмалку 25 проценти. Потегот на Мајкрософт се должи на битката за таленти во која се вклучија голем број технолошки компании.
Но овој потег заврши подобро од очекуваното. Додека медиумите како Вол Стрит Журнал внимаваа да потенцираат дека Мајкрософт „ги зголемува платите“, повеќето индиски медиуми објавија наслови според кои компанијата „речиси ги удвојува платите“. Непотребно е да се каже меѓутоа постои огромна разлика помеѓу овие две работи.
Вработените во компанијата за брзо време направија разлика помеѓу тоа што е мит, а што е факт. Фактот беше следен: компанијата воведе можност со која на вработените кои имале добри резултати ќе им се исплати двојно повеќе од сегашната плата.
Дарежливост или обид да се задржат талентите?
Со инфлацијата во САД која во април беше блиску до највисокото ниво во последните четири децении, технолошките компании се обидуваат да ги примамат вработените со ветувања за огромни награди во облик на акции и парични бонуси. Во октомври минатата година, матичната компанија на Google ,Alphabet, усвои план за паричен бонус со кој на вработените почна да им исплаќа бонуси во различни износи за најразлични причини.
Во февруари, Амазон го удвои јазот во платите на вработените. Гигантот за е-трговија ја зголеми основната плата на корпоративните директори и професионалниот персонал од претходниот максимум од 160.000 американски долари на 350.000 американски долари.
Неодамнешната великодушност од страна на работодавците покажана во однос на компензацијата има за цел да ги задржи вработените внатре во компаниите. Двете години од пандемијата поминати работејќи од дома доведоа до тоа вработените да ја преиспитаат фазата во која се наоѓа нивната кариера. Ова, во комбинација негативното влијание што пандемијата го имаше врз економиите, кулминираше со голем недостиг на пазарот на трудот. Како што компаниите станаа погладни за tech професионалци, побарувачката ги зголеми платите во секторот, предизвикувајќи инфлација на платите во технолошкиот сектор.
Ова го потврдува и извештајот на Dice Tech Salary кој покажа дека 61 отсто од tech професионалците забележале зголемување на платата минатата година, за разлика од 52 отсто во 2020 година.
Во реалноста постојат и докази за tech професионалци кои се префрлиле кај ривалските технолошки компании само затоа што тие понудиле подобри услови. Во јануари беше објавено дека близу 100 вработени од одделот за проширена реалност на Мајкрософт, HoloLens, биле регрутирани од Мета. Бидејќи Фејсбук го репозиционираше фокусот на компанијата околу метаверзумот и почна да се фокусира повеќе на своите способности за AR/VR, Мета изјави дека планира да вработи 10.000 вработени во самата Европа во следните пет години.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.