Кој ќе биде победникот во битката за таленти?

од 24HR

Пишува Дејан Ѓошев – Менаџер за човечки ресурси во Superior Dispatch Service

Кој е процесот во вашата “битка” за таленти!? Како вашата организација привлекува, задржува и го зајакнува вистинскиот талент за вистинската позиција?

Луѓето, нивниот талент, вештините и искуството се тие што поседуваат сѐ, што ги поттикнуваат иновациите и креативноста, и ги поместуваат границите на бизнисот и светот каков што го знаеме. Нашиот заеднички предизвик е идентификување, привлекување и зајакнување на клучните таленти, луѓе со соодветно образование, искуство и вештини. 

Во Superior Dispatch Service се фокусираме на формулирање јасни и транспарентни цели, кариерни планови и можности за своите вработени, поттикнувајки двонасочна комуникација помеѓу вработените и менаџментот, давајќи приоритет на различноста. Не го ограничуваме напредокот во кариерата само на менаџерски улоги, туку поставивме структура од најразлични позиции, со различни одговорности и дневни предизвици.

Глобалната криза на таленти  секојдневно ни отежнува да регрутираме квалификувани кандидати во бараната област. Нашето решение во Superior Dispatch Service е креирање на ефективни алатки за обука, тренинг, евалуација и преку преквалификација ги намалуваме ефектите од недостигот. И, со тоа се издвoјуваме во оваа битка на пазарот за таленти. 

Заеднички, се трудиме да не ја гледаме оваа промена како товар или закана, туку како можност за колективен раст и иновации. Ова секако бара сосема нов рецепт за организациска култура и агилност што се карактеризира првично со емпатија, култура на флексибилност, широко распространето знаење и креативен финансиски начин на размислување, со заработка по учинок.

Најголем број од нашите колеги започнуваат од стартни позиции кои подоцна се “искачуваат по скалите” на успехот со надоградба на потребните вештини, дополнително знаење и работа. За секој кој верува дека може и е спремен да постане лидер на тим или да добие менаџерска позиција, имплементиравме програми за препознавање на перформансите и дополнителна обука кои можат да го направат тој сон реалност. Невро Лингвистичко Програмирање (НЛП) како пракса за секој лидер на департмент, стручни академии за усовршување и надополнување на формалното образование и најразлични стручни on-line курсеви за постојан напредок, се само дел од бенефитите кои ги нуди Superior Dispatch Service на своите вработени.

Како најдобар пример за вложувањето на Superior Dispatch Service во својот човечки капитал сум и самиот јас, како дел од Академијата за Човечки Ресурси на Creative Hub. Академијата ми создаде можност да ја научам круцијалната улога на ЧР во секоја компанија. Преку сопствени искуства, реални примери од работата и бројни светски истражувања ме мотивираа и припремија за сегашниот предизвик во Superior Dispatch Service. Можноста да учам од докажани професионалци во областа на ЧР, од кој би го издвоил Стефан Јовановски, кој на своите предавања и вежби ме “навлече” на професијата и ми помогна комлетно да ја разберам, а со тоа подоцна и да ја пренесам таа визија на бордот на директори на Superior Dispatch Service и на сите вработени. 

Залагањето за задржување на талентите не завршува овде. Ние во Superior Dispatch Service понудивме и план за приватно здравствено осигурување за сите вработени и нивните семејства, а ги вклучува услугите на сите приватни клиники во државата. Не се ни помалку важни термините закупени во спортски сали на затворено и отворено, каде вработените се рекреираат пред и после работноте време. Здравјето е важно, а денес повеќе од секогаш. 

Со ова, можеме да кажеме дека секој еден член на тимот на Superior Dispatch Service се чувствува како да е многу повеќе од само збирот на резултатите од компаниската финансиска продуктивност.

Веруваме дека со овие неколку примери ви претставивме дел од нашите клучни бенефити и начини, како заеднички ги зголемивме напорите за стекнување и задржување таленти. Веруваме дека на овој начин трасираме вистински пат за создавање бренд кој ќе биде работен предизвик за сите и работна култура која е привлечна и за постојните и за новите вработени.

0 коментар
4

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...