Хибридниот модел на работа донесе многу придобивки, но и предизвици што ретко кој ги предвидува додека не ги искуси во пракса. На почетокот изгледа едноставно, но во реалноста, многу брзо се појавуваат прашања на кои нема лесен одговор: кој доаѓа во канцеларија и кога, дали ќе има доволно место, како да се координираат тимовите за да имаат вистинска вредност од присуството, а не само физичко доаѓање.
Токму во таков момент, во Proxiad SEE, стана јасно дека импровизацијата има свој лимит. После 2021, предизвикот стана уште поочигледен: бројот на бироа, паркинг места и сали беше ограничен, додека начинот на работа веќе не беше класичен. Наместо сите да доаѓаат секој ден, секој имаше различен ритам, а без структура тоа брзо се претвораше во конфузија.
Во тие околности се појави идејата за Desk Buddy, не како продукт што треба да се продава, туку како решение што треба да функционира интерно. Намерата не беше да се воведе уште една алатка што луѓето ќе ја користат затоа што мораат, туку нешто што природно ќе стане дел од нивниот ден. Затоа и самиот концепт беше поставен многу едноставно, секој да може однапред да резервира каде ќе работи, кога ќе дојде и со кого ќе биде во канцеларија, без дополнителни компликации. Интеграцијата со Microsoft 365 дојде како логичен чекор, за да не се менуваат навиките, туку само да се надградат и поедностават.

Она што следеше беше интересно, затоа што ефектот не беше само оперативен. Да, организацијата стана полесна, исчезнаа непотребните пораки и ад-хок договори, а просторот почна да се користи многу поефикасно. Но уште поважно, се смени начинот на кој луѓето ја доживуваат канцеларијата. Наместо да доаѓаат „по навика“ или „затоа што така треба“, почнаа да планираат кога има смисла да бидат таму. Кога знаеш дека тимот ти е во канцеларија истиот ден, присуството добива вредност, а соработката станува поприродна.

Ова не е изолиран впечаток. Во разговори со компании од регионот кои се соочуваат со истите предизвици, често се слуша слична констатација – хибридниот модел функционира само кога има јасна, но ненаметлива структура. Еден од коментарите што останува највпечатлив доаѓа од корисник кој по имплементацијата на Desk Buddy забележал дека „разликата не е во тоа што луѓето резервираат бироа, туку што конечно знаат зошто доаѓаат во канцеларија“. Тоа е суптилна, но суштинска промена.
Конкретните резултати дополнително ја потврдуваат оваа слика, во тимови каде што претходно имаше нерамномерна искористеност на просторот – преполни денови и празни канцеларии, воведувањето на системот донесе баланс. Луѓето почнаа свесно да го планираат своето присуство, а компанијата доби реална основа за одлуки, наместо да се потпира на претпоставки. Тоа има и директен бизнис ефект, особено во време кога оптимизацијата на трошоци и простор станува сè поважна тема.

Можеби најсилниот сигнал дека решението е на вистински пат дојде од самите корисници. Net Promoter Score (NPS) од 100 не е нешто што се постигнува лесно, особено кога станува збор за интерна алатка. Тоа значи дека луѓето не само што ја прифатиле, туку ја препорачуваат, па што во ваков контекст е најрелевантната мерка за успех.
Денес Desk Buddy веќе не е само интерно решение, туку продукт што предизвикува интерес и кај други компании, вклучително и на македонскиот пазар. И тоа има смисла, затоа што предизвикот е ист: како да се задржи флексибилноста, а притоа да има ред, како да се искористи просторот паметно и како да се создаде работна средина во која присуството има вистинска вредност.
Ако има една лекција што произлегува од ова искуство, тоа е дека хибридниот модел не може да се остави сам на себе. Потребна е структура, но таква што нема да биде товар за луѓето, туку поддршка. Решение што нема да ги комплицира процесите, туку ќе ги направи речиси невидливи.
За компаниите што веќе го чувствуваат овој предизвик или се во фаза на трансформација, тимот на Proxiad SEE нуди можност да видите како вакво решение може да изгледа во пракса или да добиете конкретна понуда.