LinkedIn: Уште една премиум опција станува бесплатна

од 24HR

Инсајдерските информации за компаниите стануваат достапни за сите корисници!

Од неодамна, LinkedIn активираше нова бесплатна функционалност која на корисниците им овозможува да дознаат инсајдерски информации за компаниите.

Така на пример, во сегментот Insights кој се наоѓа на компанискиот профил, освен информација за бројот на вработени, ќе добиете и увид во трендот на вработувања во последните 6 месеци, просечното време на задржување на вработените во компанијата и сите тековни назначувања на лидерски / менаџерски позиции.

Инсајдерски информации за McDonald’s

Во примерот за McDonald’s, можеме да забележиме дека компанијата вработила 40 лица на менаџерски позиции, бројот на вработени во последните 6 месеци е зголемен за 8%, а просечното време на задржување во компанијата е 2.9 години.

Сите овие информации се од големо значење како за работобарателите кои сакаат да го изберат најдоброто место за работа, така и за регрутерите и професионалците за човечки ресурси кои ќе добијат подобар увид за внатрешната состојба на компаниите.

Досега пристап до овие информации имаа само премиум корисниците на LinkedIn.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...

Оваа веб страна користи cookies.