Лидерите не можат да остават сè на организациската мисија за да ги мотивираат и инспирираат своите вработени. Тие треба да им помогнат на своите луѓе да ја пронајдат својата внатрешна цел, а тоа може да го направат со помош на овие пет прашања.
„Како да им помогнеме на вработените да пронајдат значење во својата работа?“ е прашањето кое голем број од професионалците за човечки ресурси си го имаат некогаш и некаде поставено себеси.
Организациите ширум светот трошат значителни ресурси на корпоративни вредности и изјави за мисијата на компанијата. Автомобилскиот гигант „Волво“ својата цел ја наоѓа во посветеноста кон безбедност, додека за технолошкиот гигант „Фејсбук“ тоа е желбата да ги поврзе луѓето. Но без оглед на големината и препознатливоста на овие две компании, овие две изјави можат многу лесно да исчезнат, па дури и да се заборават, за време на секојдневната врева додека трае работниот ден.
Она што навистина им треба на вработените е да се чувствуваат ангажирани и задоволни на своите работни места. Како што откри една студија на „Делоит“ од 2016 година, луѓето се чувствуваат лојални кон компании кои ја поддржуваат нивната сопствена кариера и животни амбиции или со други зборови сето тоа што е ним им е важно.
Заклучокот е дека без оглед на возраста, образованието или индустријата во која работиме, луѓето сакаат да најдат чувство на значајност во она што го работат.
Лидерите можат да го поттикнат ова внатрешно чувство за цел преку едноставен разговор. Една таква техника е теоријата за идентификување на акција, која претпоставува дека постојат многу нивоа на опис за секоја активност. На пример, пишувањето на оваа статија. На пониско ниво пишуваме зборови на тастатура, а на повисоко помагаме во создавањето на подобри лидери. Кога лидерите ќе ги мотивираат вработените да размислуваат на овој начин, тие ќе успеат да го пронајдат своето значење дури и во највообичаените работни задачи.
Редовните проверки треба да се осврнат на пет области на испитување со цел да се пронајде вистиската внатрешна цел на вработените. Лидерите можат да ги прашаат вработените:
Во што сте добри?
Кои работни активности бараат помалку напор? Што преземате кога верувате дека сте најдобрата личност да го направите тоа? За што сте биле забележани во текот на целата кариера? Идејата тука е да им помогнеме на луѓето да ги идентификуваат своите јаки страни.
Во што уживате?
Во една типична работна недела, што очекувате да направите? Што е тоа што го има на вашиот календар и ви дава енергија? Ако би можеле да ја дизајнирате вашата работа без ограничувања, како би го потрошиле вашето време? Овие прашања им помагаат на луѓето да го најдат или повторно да го откријат што е тоа што го сакаат во работата.
Каде се чувствувате најкорисно?
Кои резултати од работата ве прават најмногу горди? Кои ваши задачи се најважни за тимот или организацијата? Кои се највисоките приоритети во вашиот живот и како се вклопува вашата работа во тоа? Овој начин на размислување ја истакнува својствената вредност на одредена работна позиција.
Што ве мотивира напред?
Дали научи нешто што ќе ти биде од корист во иднина? Што замислувате следно за себе? Како вашата работа денес ве приближува до она што го сакате за себе утре? Целта тука е да покажеме како моменталната работа на вработените им помага да напредуваат кон идните цели.
Како се однесувате со другите?
Кои работни партнерства се најдобри за вас? Како би изгледала канцеларија на вашите омилени луѓе? Како вашата работа ги подобрува вашите семејни и социјални врски? Овие прашања ги охрабруваат луѓето да размислуваат и да ги поттикнуваат врските што ја прават работата позначајна.
Знаеме дека не е лесно да се водат другите кон целта, но овој пристап може навистина да ви помогне.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.