Како да се спротивставите на професионалниот стрес?

од 24HR

Стресовите кои што луѓето ги доживуваат на работа припаѓаат во категоријата на таканаречените професионални стресови. Професионалниот стрес се поврзува со незадоволство и неприлагоденоста на работа, како и за самата тежина и содржината на исполнување на работата.

Професионалниот стрес е за вработеното лице, низа на штетни, физиолошки, психолошки и бихејвиорални реакции на ситуациите во кои барањата на работа не се во склад со неговите можности, способности и потреби.  Стресот на работно место се појавува низ специфични обрасци на  емоционални, когнитивни, бихејвиорални, физиолошки реакции на организмот, настанати како одговор на различните штетни влијанија кои произлегуваат од содржината , организацијата на работата и работната средина.

Поимот стрес на работа, опфаќа промени кои се последица на акумулирањето на влијанието на стресорите на работното место, во текот на подолго време. Значењето  на проучување на стрес, во современото работење е повеќеструктурно и тоа:

  • стресот како социјално – медицинско – психолошки проблем го нарушува здравјето и работната способност;
  • последиците на емоционален план доведуваат до: апатија, анксиозност, агресивност;
  • последиците на когнитивен план доведуваат до: намалена способност за мислење, паметење и решавање на проблемот.

Најчесто спомнувани елементи кои влијаат врз стресот на работа се:

  • Oпишување на работното место – Секој вработен треба да го знае изгледот  на сопственото работно место, работно време, одговорности и задачи, граници на флексибилност и сл. Описот е еден од најважните елементи во работењето, затоа што со описот треба точно да знаете што сте прифатиле, а во исто време  и претпоставениот да знае кои задачи на кого му ги доделил.
  • Да се застане на својата страна –  Доколку вработениот смета дека неговата работа е злоупотребена, недоволно признаена, ненаградена, тој има право да се бори за своите права.
  • Промена на работна позиција или услови. Доколку вработеното лице ќе забележи дека работата е премногу стресна, истото има право од својот работодавец да побара зaмена на позицијата или прилагодување кон условите за работа.

Доколку  вработениот смета дека припаѓа во група на луѓе кои патат од стрес, тогаш треба да се  спротистави на тоа. Пожелно е на лист да се напише сè што може да му предизвика стрес и при тоа да се земат во предвид и случувањата од блиското минато, бидејќи стресот може  да се искористи за решавање на одредени проблеми. Тој список треба да содржи и некои ситници кои вообичаено се изоставуваат, како што се на пример, чекање во сообраќајот, чекање во продавница, гласна музика итн. Во никој случај не смее да постои обесхрабрување за време на прегледот на вака претставениот долг список. Исто така, многу важни се и деталите.        

Кога спискот ќе биде готов, потребно е да се оцени колку секоја ситуација  предизвикува стрес од еден до десет, така што десет е најстресна, а еден е најмалку стресна. Колку подетален ќе биде списокот, толку полесно ќе може да се одбере одбранбената стратегија. Се започнува од ситниците, кои сами по себе не се многу лоши, но во комбинација едни со други предизвикуваат голем стрес. Доколку проблемот е обемен, треба да се направи напредна стратегија за ублажување, заобиколување или избегнување на истиот, во зависност од суштината на проблемот. На пример, ако  треба да се воспостави баланс меѓу личниот и професионалниот живот, треба да се работи на решавање на проблемот, кој сепак можеби нема да може да се елиминира. Но, не треба тоа да се демотивира личноста.  

Губење на работното место е  еден од најголемите предизвикувачи на стрес во времето на економската криза, што е директно поврзано со финансиските проблеми. Тоа се серизони проблеми кои не зависат само од поединците, затоа самите тие треба сами да одлучат на кој начин ќе му пристапат на тој проблем. Најлесно и најдеструктивно е да се препуштите на стресот, депресијата, очајот, со што ќе се оневозможи секое решавање на проблемите. Најдобар начин е да се  соочиме со проблемот, при што ќе се анализира и наоѓањето начини за спречување на негативните последици.

Друг важен елемент во борбата против стресот е да се отстранат работите или појави кои сметаат, а друг важен елемент е да ги зголемите оние работи кои ви одговараат. Секој треба да знае што го опушта и релаксира и со сето тоа редовно треба да  биде вклучена и физичката активност која е многу важна за добрата состојба на духот и способноста на организмот да се бори против стресот, како и добар издувен вентил за акумулираниот стрес.

Ако навистина постои универзално решение или универзален начин за отстранување на стресот, тоа дефинитивно е смеењето. Ендорфинот, односно хормонот за среќа, кој се лачи со смеење е природен лек против стресот и создава чувство на благосостојба и радост.

Смеењето помага во зачувување на позитивниот, оптимистички поглед на светот и во ситуации  кога сè изгледа „ црно“, носи доза на надеж и дава сила за идните предизвици.

Најдоброто од сè е тоа што смеата е заразна и  тешко е да се гледа друга личност која се смее, а на тоа да не биде возвратено. Во денешно време се потешко е да се најде време за забава, разонода и смеа но, смеењето треба да ни биде приоритет. Потребно е да се ужива во добро друштво, комични содржини, па дури  и да си се смееме и на себеси.

За авторот:

Бјанка Катру е Менаџер за човечки ресурси и администрација во Финансиското друштво М КЕШ. Во 2007 година се стекнува со титула Дипломиран политиколог и специјалист по човекови права на Универзитетот Американ Колеџ, а во 2009 станува Магистер за Менаџмент на човечки ресурси. Се води по мудрата мисла дека знаењето е моќ, но однесувањето создава почит.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...