Обединетите Арапски Емирати даваат 100.000 златни визи за програмери од целиот свет

од 24HR

Обединетите Арапски Емирати објавија дека ќе обезбедат 100.000 златни визи за најдобрите експерти за компјутерско програмирање од целиот свет како дел од „Националната програма за развој“ за зајакнување на својата економија и креирање на голем број работни места во технолошкиот сектор.

Златните визи кои на имателите ќе им овозможат долгорочен престој во земјата ќе бидат наменети за програмери, претприемачи, сопственици на бизниси и стартапи во технолошката сфера.

Покрај тоа, ОАЕ планира да основа 1.000 компании кои ќе учествуваат во процесите на дигитална трансформација на државните и економските системи.

Изминатата недела, шеикот Мухамед бин Рашид рече дека Емиратите потпишале договор со многу технолошки гиганти, вклучувајќи ги Google, Facebook и Amazon, за обука на 100.000 млади луѓе за компјутерско програмирање.

Овој потег е дел од амбициозната стратегија за создавање на 1.000 дигитални компании за зајакнување на економијата во ОАЕ и зголемување на владината поддршка за новоотворените компании.

„Започнавме национална програма за кодирање со Google, Microsoft, Amazon AWS, Cisco, IBM, HPE, LinkedIn, Nvidia и Facebook со цел да обучиме 100.000 програмери, да формираме 1.000 технолошки компании кои ќе станат глобални и ќе ги зголемат инвестициите во земјата“, напиша шеикот Мухамед на Твитер.

„Светот се менува забрзано и брзорастечката дигитална економија ќе создаде нови видови работни места. За да напредуваме во свет кој постојано се развива, мора да бидеме подготвени брзо да се справиме со трендовите“, вели тој.

Со овој потег, земјата ги отвора вратите за ИТ експерти од целиот свет кои можат да помогнат во реализацијата на нејзините развојни планови.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...