5 проблеми поврзани со работата од дома и како HR-от може да помогне?

од 24HR

Работата од дома беше единствено рационално решение за време на пандемијата, но истата создаде голем број проблеми за вработените во човечки ресурси.

Ковид-19 го промени пејсажот на далечинската работа. Тоа влијание ќе се чувствува и натаму на пазарот на трудот, а истото ќе го засегне и развојот на работното место во догледна иднина.

И покрај тоа што масовното прифаќање на далечинското работење покажа голем број на позитивни ефекти за компаниите и нивните тимови, сепак, постојат и одредени негативни страни кои директно го засегаат слободното време, флексибилноста и автономијата на вработените.

Сите овие проблеми на крајот стигнуваат до вработените за човечки ресурси кои од улогата на адвокат на работата од дома треба да се стават во улога на пожарникар кој ќе ги решава проблемите кои таа ги направи.

Денес споделуваме пет проблеми кои ги создаде работата од дома и кој е наједноставниот начин за нивно надминување.

Вработените не можат да се исклучат

Едно истражување на FlexJobs покажа дека повеќе од една третина од вработените кои работат од дома сè уште не можат да се исклучат од работата. Тие размислуваат или се грижат за работата и после работните часови. Или, уште полошо, тие работат и по работното време наместо да се исклучуваат и да одморат.

Преголемата работа го зголемува нивото на стрес, ја оневозможува нивната способност за фокусирање и негативно влијае на целокупната благосостојба. Тоа доведува до зголемена стапка на согорување и други несакани ефекти врз менталното здравје.

За да не дојде до тоа, советувајте ги вашите вработени како најдобро да ги организираат своите работни задачи во рамките на работното време.

Притисокот врз вработените е голем

Мнозинството вработени кои работат од дома се соочуваат со одредено ниво на притисок поради природата на далечинската работа. За голем дел од нив, овој притисок е поголем отколку во време кога својата работа ја извршувале од канцеларија.

Емпириските податоци покажуваат дека секој втор вработен кој работи од дома е загрижен дека менаџерот се сомнева во неговата продуктивност. Како резултат на тоа, дел од вработените започнуваат со работа порано или завршуваат со работа подоцна. Некои дури и ја прескокнуваат својата пауза за ручек за да бидат сигурни дека ќе завршат сè на време.

Како да го надминете овој проблем? Охрабрете ги вработените и менаџерите да се фокусираат повеќе на резултатите, помалку на инпутите. Продуктивноста се зголемува и опаѓа врз основа на многу фактори – вклучувајќи интерес, лична мотивација, одвлекување внимание и искуство. Менаџерите и вработените треба да постават специфични цели и рокови и редовно да го следат напредокот, што е многу важно од водење евиденција за работните часови. Запомнете дека мерењето на продуктивноста е поважно од нејзиното следење.

Пад на задоволството на вработените

Од почетокот на пандемијата, според истражувањето на “Joblist”, дури 42% од вработените се помалку задоволни од својот живот. Еден од главните проблемите кој произлезе од далечинското работење е промената на приватниот живот. Поточно, вработените сметаат дека работата од дома води кон:

  • трошење дополнително време на подготовки за работа;
  • чувство на осаменост;
  • проблеми со менталното здравје и
  • помалку време со семејството и пријателите.

За да им помогнете на вработените да ја вратат среќата во животот, откријте што ги прави несреќни на работа.

Помала ангажираност на работната сила

Со новата нормала и промената кон работа од дома, вработените се чувствуваат помалку поврзани со своите компании и колеги. Повеќе од 45% од вработените во студијата на Институтот за работна сила Achievers изјавиле дека се чувствуваат помалку поврзани отколку пред пандемијата. Што е уште полошо, една четвртина од вработените сметаат дека компанијата не сторила доволно за да ги одржи вработените поврзани.

Да, вработените сè уште сметаат на раководството – барем до одреден степен – како нешто што треба да ги натера и мотивира да бидат вклучени во нивната работа и да бидат поврзани со нивните колеги.

Моменталната состојба го промени начинот на интеракција помеѓу вработените. За да ја вратите нивната ангажираност на првобитното ниво, обидете се виртуелен тим билдинг и други настани за запознавање и зближување кои ќе ги обноват нарушените врски помеѓу вашите луѓе.

Комуникацијата помеѓу вработените е отежната

За време на работата од одма, директната комуникација помеѓу вработените е сведена на минимум. Органските разговори кои беа типични во вообичаеното канцелариско окружување честопати водат до одлични идеи и решенија за напредок.

Токму затоа околу 20% од вработените во истражувањето на FlexJobs велат дека комуникацијата, соработката и значајната интеракција се проблем кога се работи од дома.

Решението за овој проблем лежи во ограничување на несинхронизираната комуникација – мејлови, пораки и друг тип на комуникација што не се случува во реално време – и поттикнување на разговори, зум состаноци и средби на отворено за поефикасна комуникација и поголема колегијалност.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...